На форумот ќе се обратат·Здравко Јосифовски, претседател на НУК, Шовкет Хазари, државен советник за туризам при Министерство за економија, Петре Шилегов, градоначалник на Скопје и претседател на ЗЕЛС, Стојко Пауновски, директор на Пазарен државен инспекторат и проф. д-р. Сашко Граматниковски, декан на Факултет за туризам при Универзитетот за туризам и менаџмент, Скопје. – Дебатниот форум „На иста страна“ е прва иницијатива од приватниот сектор, што НУК ја презема за да покаже дека: целокупната угостителската индустрија, голем дел од производителите и сите угостителски работници, работодавачи, јавни, локални и владини институционални претставници се сојузници „На иста страна“ против неформалниот непријател КОВИД 19, истакнаа од НУК. Од Комората наведоа дека целта и мисијата на НУК е заедно до унифицирани протоколи – во интерес и на јавното здравје и на работењето на угостителските субјекти за побезболно да се справат со налетот на најавениот втор бран на пандемијата.