Домашните туристички дестинации беа многу посетени ова лето од македонските граѓани, но тешко е да се каже колку домашните туристи може да ја надоместат штетата во туризмот поради коронавирусот, велат туристичките работници. Падот во приливот во туризмот е 34, 38 проценти.
Поради недоаѓањето на странски гости туризмот во Македонија претрпе штети, но колкави ќе бидат тоа ќе се знае на крајот од септември кога ќе заврши сезоната , велат туристичките работници.
Според Државниот завод за статистика за првиот квартал од годината вкупниот пад од приливот од туризмот во државната каса е 34, 38 проценти.
Во Охрид, кој традиционалано е најатрактивна домашна дестинација, според Асоцијацијата на хотелиери во Мaкедонија(ХОТАМ) странски туристи имаше единствено од регионот, но нивниот број е занемарлив.
Изостана доаѓањето на Холанѓаните, Германците и другите традиционални гости од странство поради рестрикциите со кои Македонија беше прогласена за ризична земја.
Сетоа ова ја смени структурата на гостите па така во Охрид преовладуваше домашниот туризам, а за оваа дестинација најмногу се определија младите луѓе. Втората половина на јули па се до крајот на август и покрај епидемијата и појаватата на нови жаришта на зараза кои ги следеа нови рестрикции поминаа во знакот на голем број туристи.
Целиот напис на,