Над 17.000 гастарбајтери од Македонија останаа дома

by ugostitelstvo.mk

Во оваа криза на работдавачите им е најважно да  ги задржат редовно вработените и се помалку мислат на сезонски вработувања на странци.
Коронакризата заглави во земјава над 17.000 луѓе кои во овој период одат на сезонска работа во странство главно во туристичките земји и како градежни или земјодлески работници.

Скоро и да нема работа на брод. Голем број развиени земји поради зголемениот број отпуштања од работа на нивните државјани најавија и промена на политиката на примање работници од странство и се фокусираат на обезбедување работа за своите граѓани. Во оваа криза на работдавачите им е најважно да  ги задржат редовно вработените и се помалку мислат на сезонски вработувања на странци.

Ова е шанса, велат експерти, за домашните компании кои се жалат дека немаат работници, да привлечат колку што можат повеќе повратници од странство, но за тоа ќе треба и да создадат услови да ги задржат што е тешко во оваа криза.

Скопјанка кој секоја година оди на работа во Малта се жали дека кога се вратила пред половина година не се надевала дека ќе има ваква криза и дека ќе мора да остане дома и да преживее со заработеното бидејќи тешко може да најде работа во земјава.

– Со сопругот одиме веќе неколку години во Малта. Работиме во хотели каде што имаме добри плати и добро живееме. Сега поради короната сме принудени да останеме дома и да го трошиме заработеното. Не знам кога ќе имаме можност повторно да се вратиме таму. Овде нема шанси за вработување, а и платите се ниски за ист работен ангажман. Сепак, не е исто да работиш овде и во некоја земја од ЕУ – вели таа.

Од агенциите кои вработуваат во странство велат дека работата им е сведена на нула бидејќи нема побарувачка на раобтници во странство. Се обидуваат да преживеат до пронаоѓањето на вакцина за ковид-19 кога се надеваат ќе се отворат перспективите за нивна работа. Како сектор до сега не се опфатени со владините мерки за поддршка.

–  Целиот пазар за стански работници е затворен.Туризмот и угостиелството се најпогоедни од кризата, а нашинците најчесто одат да работат во туристичките земји. И оние малку работници кои успеаја да заминат во странство, таму не ја добија работата бидејќи хотелите и угостителските објекти немааат гости, па сега останаа заглавени таму без работа и пари. Во Хрватска каде што вообичаено има голема побараувачка во летниот период сега туризмот стагнира и нема побарувачка на работници. Токму од таму ни се жалат дека останале заглавени без работа и бараат некако да се вратат. Во Црна Гора е исто, како и во Грција и другите туристички земји во кои главно се вработуваа странци – вели Зоран Кочовски од агенцијата „Коузон“.

Статистичкитеп одатоци од некои од земјите каде што најчесто одат нашите сограѓани да зарабтуваат говорат дека туристичкиот и угостителскиот сектор не бара работници, а во другите сектори тешко може да се стигне на роабнотното место и покрај тоа што ќе се добие. Во Хрватска на пример според тамошната државната статистика за пет месеци се барале само 4.094 келнери и 609 рецепционери.

ИНФО

Слични написи