Хотел Молика очекува успешна летна туристичка сезона

by ugostitelstvo.mk

Николче Каровски, извршен директор на “ЕЛЕМ ТУРС“:

Очекуваме успешна летна туристичка сезона, а правиме планови за подобрување на зимската

-Сведоци сме дека во изминатите месеци туризмот е еден од најпогодените сектори на глобално ниво кој секојднево кумулира огромни загуби како резултат светската пандемија предизвикана од корона вирусот. Хотелот Молика, кој се наоѓа на 15-тина километри од Битола, секако не е изоставен од оваа состојба  и тешко ја поднесува кризата. Изминатите години посетеноста од странски гости  во хотелот “Молика“ на Пелистер, во близина на Битола, беше солидна во текот на сите сезони од годината но посебно во периодот од април до октомври кога хотелот Молика го  посетуваа  странски гости од регионот што не опкружува но и организирани групи од  Словенија , Хрватска , Чешка и Полска. За жал, уште во почетокот на март во хотелот Молика беа откажани сите резервации од странски и домашни гости  до крајот на 2020 година. Од тие причини се фокусиравме на домашниот пазар и на  економската моќ на домашниот гостин. Направена е комплетна анализа на состојбите  со корегирање на ценовната политика  до крајот на 2020 година со попусти од 20 до 30 %.

Што очекувате од оваа летна туристичка сезона во хотелот „Молика“ на Пелистер и во што се состои вашата понуда за ова лето?

-Свесни за состојбата во која се наоѓаат сите туристички субјекти во нашата држава и пошироко  уште пред донесувањето на протоколите за работа на рестораните и хотелските капацитети,  подготвивме специјална понуда под слоганот  ,, Активен одмор на Пелистер , која вклучува  промотивни пакет аранжмани и поволни цени  за престој на Пелистер од 4 и 5 денови, на база полн пансион,  до крајот на септември оваа година. Сметам дека таквата ценовна политика ќе биде случај во сите сместувачки капацитети на Друштвото и до почетокот на зимската туристичка сезона, што значи дека хотелот Молика ќе ја продолжи ваквата промотивна ценовна политика и за сезоната есен 2020 година.

Целото интервју на: Bitolanews

Слични написи