Зошто да користите компанија за регрутација кога треба да вработите некого?

by ugostitelstvo.mk

 

Сите знаеме колку може да биде обесхрабрувачко барањето на работници и колку време и пари тоа може да ве чини.


 

И покрај направените напори и изгубеното време во правење на десетици интервјуа секогаш постои можност да не успеетe да го пронајдете вистинскиот персонал што ви е вам потребен.

На што се должи ова ?

Што можат консултантските компании за регрутација, што не можете вие.

Односно можеби е посоодветено, со што располагаат тие, а вие не.

Овие компании ја познаваат комплетно индустријата во која се спремни да дадт услуга како и понудата на работната сила во истата.

Тие имаат голема мрежа на контакти. Консултантите од овие компании имаат многу контакти и поминуваат многу време во поврзување со кандидати кои бараат можност за да се вработат.

Тие имаат база на кандидати кои веќе еднаш поминале низ претходни интервјуа.

За кандидатите од нивната база тие имаат оформено мислење-претстава за нивните знаења и вештини па така тие однапред знаат кого да одберат и да ви го препорачаат. Тие знаат кој има посетувано обуки или тренинзи, со какво искуство располага и какво образование има. Исто така тие имаат препораки од компаниите каде  што кандидатите претхоно работеле.

Консултантите од овие компании добро ги разбираат вештините, знаењето и компетенциите и успешно ќе го поврзат профилот на кандидатот со соодветните можности за вработување на отворените работни места.

Речиси секогаш оние што бараат работа се во комуникација со овие компании и преку нив ги следат потребите на индустријата.

Доколку вие самите објавите оглас за вработување, посебно ако сте голема или атрактивна компанија, секогаш ќе се пријават голем број на кандидати. Без разлика на квалитетите и компетенциите на кандидатите тие се пријавуваат и се упорни во идејата да најдат вработување.

Доколку ангажирате компанија за регрутација ваквата ситуација ќе ја избегнете. Тие, наместо вас ќе ги направат првичните интервјуа, а вие ќе добите листа на кандидати кои во голема мерка ќе одговараат на вашите потреби. Преку правење на соодветни и стручни разговори тие ќе ви го олеснат процесот на донесување на конечната одлука.

Што се однесува на висината на плата што треба да ја дадете за некоја работна позиција, секогаш ќе добиете соодветна помош при одлучувањето, бидејќи тие се во тек со актуелните финансиски трендови во вашата индустрија.

Со оглед на моменталната ситуација со понудата на работна сила, многу често компаниите за регрутациа можат да ви излезат во пресрет со така наречената метода на ,,headhunting,, или превземање на вработени. Иако оваа метода не е многу непопуларна во дадени моменти е спсоносно решенија, како за компанијата што вработува, така и за вработениот што треба да прејде од една во друга компанијата. Ова обично се случува кога се нудат подобри услови за работа, повисока плата, бонуси и сл.

Кога еднаш ќе остварите соработка со компанија за регрутација вие постојано ќе соработувате со неа. Ова се покажало корисно бидејќи со нивно ангажирање ви заштедувате, време, пари и сте сигурни дека ќе ги добите соодветните кандидати, односно ќе ги добите токму оние вработени кои ви се потребни вам и на вашиот бизнис.

 

За подетални информации и консултации

Regent Hospitality Consulting
www.regent.mk
023 119 615 | 070 217 058

 

 

Слични написи