Ваучери за туризам за 117.000 граѓани, веќе се дистрибуираат и 324.500 картички „Купувам домашно“

by ugostitelstvo.mk

 

Од 13 јуни 2020 година, 117.000 граѓани добиваат ваучери за туризам, кои ќе можат да ги искористат заклучно 15 декември годинава. Доделувањето на платежните картички, пак, кои ќе ги добијат околу 324.500 граѓани, започна во текот на вчерашниот ден преку банките. Изработени се околу 50.000 картички досега од страна на банките, а до 18 јули ќе се доделат сите картички кои ќе можат да се користат до 15 август. Секој вложен денар во домашните производи, во услужниот сектор – е вложен денар во зачувувањето на овие компании, а со тоа и на бројни работни места кои тие ги креираат, посочи денеска министерката за финансии Нина Ангеловска.
Овие мерки се дел од третиот пакет на антикризни мерки, насочени кон ревитализирање на економијата. Тие се со јасни цели и се насочени да дадат повеќекратни ефекти и за граѓаните и за стопанството. Тие ефекти се финансиска поддршка на граѓаните, на економијата, формирање свест за купување на македонски производи, за ориентација кон безготовинско општество, за воведување на субјекти од неформалната во формалната економија, како и намалување на бирократијата (де-бирократизација на процесите која ни ја овозможуваат технологиите). Морам да истакнам дека покрај финасиската поддршка, овие мерки имаа за цел да придонесат на многу други нивоа. Едно од нив е поддршката за креирање на безготовинско општество, а со тоа и намалување на неформалната економија, која долги години е горлив проблем на македонската економија, рече Ангеловска на денешната прес-конференција во Владата заедно со министерот за економија Крешник Бектеши.
Станува збор, потенцира, за две навистина обемни мерки како од аспект на опфат на граѓани односно 325.000 лица, но истовремено и финансиски обемни.

Целиот текст од пресот на, МИА

 

 

Слични написи