Утврдени условите за работа на казината

by ugostitelstvo.mk

Владата на вчерашната седница ги донесе протоколите за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат-клубовите и во казината.

Ова вчера го најави министерот за здравство Венко Филипче при што истакнува дека нивната работа во услови на пандемија, согласно протоколите, ќе бидат според строги правила.

До крајот на неделава се очекува да почнат со работа и фитнес-центрите.

За денеска е најавено дека ќе се разговара за целосно отворање на границите, без сегашните услови, кои предвидуваат негативен ПЦР-тест и самоизолација или државен карантин.

Филипче најави дека ќе се разговара со властите во околните земји и одлуката ќе биде координирана.

На вчерашната седница, како што соопштија од Владата, донесена е одлука за нормализирање на организираниот превоз на патници од и во подрачјето на Општина Тетово врз основа на препорака на Комисијата за заразни болести, а донесен е и Протоколот за полагање квалификациски испити во средните училишта.

360stepeni.mk

Слични написи