Управување со ризици во хотелските објекти

by ugostitelstvo.mk

Угостителството е една од најголемите индустрии со отворени работни позиции во светот. Со проценки за глобален раст на туризмот на 1,8 милијарди патници до 2030 година, се очекува зголемување на побарувачката за хотелско сместување, бидејќи повеќе меѓународни и домашни бизниси и семејства патуваат кон и во границите на  земјата.

Зголемувањето на конкуренцијата, предизвикува многу хотели да обезбедат опции за услужување на широк спектар на преференции на гостите во рамките на нивниот буџет.

Среде зголемената побарувачка и можности се и секојдневните безбедносни и сигурносни предизвици со кои се соочуваат сопствениците и менаџерите на хотелите.

 

Несреќите со лизгање, сопнување и паѓање, кражба на лични и хотелски предмети, безбедноста поврзана со личната хигиена, услугите за базен и спа, хотелската служба за паркирање на автомобили, услугите за храна и алкохол се меѓу многуте области кои можат да ги зголемат безбедносните и сигурносните предизвици.

Освен тоа, работата на одржувањето и хигиената во собите, како и пералната и кујната може да претставуваат и места кои се значително изложени на пожар. Кражбата,  вклучувајќи „ skimming “ на кредитни картички (неовластена употреба на кредитна картичка) од страна на вработените, стави поголем акцент врз изборот на вработените. Нападите врз електронските податоци од домашни и меѓународни извори исто така ставија поголем акцент на управувањето со електронските податоци.

 

Ефективна програма за контрола на ризиците, игра важна улога во помагањето на хотелиерите да обезбедат безбедна сигурна средина за своите гости и вработени. Управување со ризиците започнува со процена на ризикот и разбирање на ризиците од деловното работење. Законот за безбедност и здравје, под надлежност на Центарот за здравје и безбедност, бара од сите работодавачи редовно да спроведуваат процена на ризикот на работното место, за да помогнат при  намалување на ризикот од повреди на вработените и другите преку обуки, политики и програми за безбедност.

 

Ефективната програма за контрола на ризикот не треба да вклучува само мерки и програми за решавање на проблемите со безбедноста и сигурноста на гостите и вработените, туку и мерки за управување со ризикот за хотелот во секојдневното работење. Планирањето на бизнис континуитетот, исто така, може да им помогне на сопствениците и менаџерите на хотелите да бидат подготвени да се справат со природни катастрофи и непредвидени настани (несреќи поврзани со времето, прекини во снабдувањето со електрична енергија, сајбер-напади и дефекти на најважната опрема).

Способноста за континуирано давање на квалитетнауслуга на гостите е од клучно значење за конкурентноста, финансиската благосостојба и репутацијата на хотелетот.

 

За повеќе информации и консултации обратете се на:

Слични написи