Угостителите во Кавадарци во знак на револт ги затворија угостителските локали

by ugostitelstvo.mk

Почитувани угостителско туристичи работници.

 

Во пресрет со протестот што беше организиран од страна на здружението НУК(независна угостителска комора)на Тиквешијата,сакаме да ги известиме нашите ценети членови и симпатизери на нашето Здружение ХЕДОНИЗАМ 2020 дека нашето претседателство донесе одлука да ги подржи во целост барањата на НУК
(независна угостителска комора).Дека ќе им излеземе во пресрет за настаната ситуација се додека не се изнајде правото решение.Доколку во најкус временски период владата не изнајде решение ,за олеснување на препораките,нашето Здружение ХЕДОНИЗАМ 2020,ќе биде приморано да ги повика сите негови членови и симпатизери од сите градови на Републиката во целост да излезат на протест,со што ќе бидат затворени сите угостителски објекти се додека не се изнајде вистинското решение.Сакаме да нагласиме и дека без разлика што ние сме Здружение на работничкиот сектор,во целос ќе ги подржуваме и во иднина,заедничките интереси и на работодавците и на нашите угостителко туристички работници.
СО ПОЧИТ. ЗУТР ХЕДОНИЗАМ 2020

 

Слични написи