Угостителите бараат Владата да им каже како и од кога ќе работат хотелите и рестораните за свадби

by ugostitelstvo.mk

Угостителите  бараат што поскоро да добијат насоки за тоа како ќе работат хотелите и како ќе се организираат свадбите во рестораните. Велат што побргу ги добијат протоколите тоа ќе биде подобро за нив затоа што летната сезона е почната и хотелиерите веќе треба да имаат насоки за тоа како ќе се примаат гостите. Тие не се затворени со уредба но кризата со вирусот ги остави празни сместувачките капацитети.

Министерот за економија Бектеши вели дека за фунцкионирањето на хотелите и организирањето на свадбите се разговарало вчера и на владина седница, но крајниот збор за тоа ќе го има Комисијата за заразни болести. Сепак е оптимист и очекува не до крајот на годината, туку многу порано рестораните да може да организираат свадби.

Угостителите се надеваат дека ќе им биде продолжено и работно време по вчерашната владина одлука да нема полициски час.

Угостителскиот сектор е еден од најпогодените од кризата со вирусот.

Извор,  СИТЕЛ

Слични написи