Црногорското приморје нема туристи

by ugostitelstvo.mk

Прогнозите за туризам во Будва и во Бар, двете најознати летувалишта во Црна Гора, се многу песимистични.

Летото почна, а во метрополата на црногорскиот туризам, Будва, има само 1.500 гости. Во земјата има нешто повеќе од 5.500 туристи, што е за 92 отсто помалку од лани во истиот период.

Угостителите велат дека данокот останал ист, а мештаните велат дека сѐ е неизвесно.

 

Во Бар кафулињата и рестораните се празни. по некој мештанин пие кафе, но далеку е од очекуваното. Цените се на минатогодишното ниво, а угостителите велат дека за сега работат во минус.

„Туристи има многу малку, главно се домашни. Предсезоната ја пропуштивме, очекуваме нешто во текот на јули и август“, вели угостителот Адел Беќовиќ.

И во Старобарските сувенирници и продавници слична ситуација, со тоа што не се отворени сите продавници кои работат сезонски.

„Ништо не се случува. можеби за викенд, сабота и недела ќе дојдат нашите сограѓани од Бар. Затворено е сѐ, чекаме отворање на границите“, вели трговецот Ремо Бехаровиќ.

„Умерени оптимисти сме. Не можеме да очекуваме резултати кои ги остварувавме пртходните сезони. За тоа ќе треба еден подолг временски период“ вели директорот на Туристичката организација на бар, Емил Кукаљ.

НЕЗАВИСЕН

Слични написи