Се разбира дека квалитетот на храната е важен, но нема ништо полошо од услугата на персоналот која ги оттурнува гостите од ресторанот. Ако келнерите или хостесите разговаат со гостите на погрешен начин, гостинот најверојатно нема повторно да се врати. Тогаш, што треба да прави персоналот, или поконкретно, што не треба да се зборува со госите?
„Дали сѐ уште го јадете тоа?”
Сите сакаат да се почувствуваат добредојдени, меѓутоа, со ова им соопштувате на гостите дека се што сакате, тие конечно да завршат со оброкот и да заминат.
„Тоа не е возможно.”
Ако гостинот посака маса за 11 гости, „тоа не е возможно“ е најлошиот одговор кој може да го добие. Во најмала мера можете да им кажете дека потребна е консултација со менаџерот. Ако сте доволно учтиви, сигурно ќе најдете заедничка комбинација која ви одговара.
„Дали сакате свежно мелен бибер?”
Повеќето послужувачи ги нудат зачините веднаш по поставувањето на јадењето на масата. Како гостинот да знае што сака, кога сѐ уште не пробал од храната?
„Припремањето на нарачката нема да трае долго.”
Доколку готвењето сепак трае долго, нема потреба од лажење на гостите. Наместо тоа, може да им предложите мала закуска пред главното јадење и со тоа сите ќе бидат задоволни.
„Дали оставивте место за десерт?”
Невкусен начин за поставено прашање. Гостинот може нема никаков изговор за тоа, а сепак не сака десерт. Доволно е да го прашате дали може да им го покажете менито за десерт.
„Мили! Златни…”
Никогаш не употребувајте нагалени имиња (деминутиви) за вашите гости. Едноставно не е воопшто професионало, веројатно ќе наидете на гости кои ќе се налутат премногу и веднаш ќе го напуштат ресторанот (со право). Наместо тоа користете „Господине“ или „Госпоѓо“.
„Само еден?”
Ако гостинот сака да јаде сам, послужувачот нема потреба да го потенцира тој факт. Секој одлучува дали ќе јаде во нечие пристуство или сам во мир.
„Дали имате поситно?” (се мисли на точно пари за сметката)
Доколку гостинот оставил пари за да ја плати сметката, vие треба да наплатите. Не е негов проблем како.
Затоа, не го прекинувајте во разговорите со неговите пријатели поради неважни работи.
Обезбедувањето на добра услуга е огледало на ресторанот. Персоналот мора да има правила на однесување и зборување. Да бидете позитивни е одлично и за персоналот и за ресторанот. Сѐ што треба е персоналот да се држи настрана од овие фрази.