Соопштение за сите угостители и гости на угостителски објекти за редовно работно време на угостителски објекти

by ugostitelstvo.mk
Со цел правилно да ја информираме јавноста и угостителите кои вршат угостителска дејност, а се со цел да се надмине индивидуално и персонално тумачење на законите, како и непотребните конфликти со инспекторите од Државен пазарен инспекторат Ве известуваме за следното: 
 
Владата на РСМ, на 70-та седница одржана на 19-ти Јуни 2020 година, на предлог на Комисијата за заразни болести, донесе измени на Протоколот за отворање и работа на кафетериите и на Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана со кои овие објекти сега ќе можат да работат според работното време утврдено во нивните лиценци за работа, наместо до 22:00 часот како што до сега беше определено со овие протоколи. Измените на овие протоколи стапуваат во сила со денот на нивното објавување во „Службен весник“ кои измени се објавени на 20-ти Јуни 2020 година во Службен весник бр. 166.

Во моментов работното време на угостителските објекти е регулирано согласно важечкиот Закон за угостителската дејност член 23 точка 4 каде стои:
Угостителските објекти за исхрана без оглед на видот на угостителските услуги во деновите петок и сабота, спроти празнични денови и празнични денови, како и во периодот од 1 јуни до 31 август и во периодот од 25 декември до 15 февруари можат да работат од 07,00 до 01,00 часот наредниот ден, а на 31 декември до 07,00 часот наредниот ден, 1 и 2 јануари до 03,00 часот наредниот ден;
Согласно погоре наведеното со цел да се отклони забуната околу тумачењето на работното време на угостителските објекти Ве молиме да ја известите јавноста дека работното време според кое може да работат угостителските објекти за исхрана во моментов за т.н. летен период согласно Законот за угостителската дејност во периодот до 31-ви Август е од 07:00 до 01:00 часот наредниот ден.

Воедно Ве известуваме дека сите членки на НУК – НЕЗАВИСНА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА во целост ги почитуваат и ги спроведуваат ВАЖЕЧКИТЕ ПРОТОКОЛИ ЗА РАБОТА НА УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТИ и НУК целосно се оградува од сите угостители кои не се членки на НУК и ги прекршуваат важечките протоколи за работа.
Се надеваме дека со ова наше соопштение за јавност ќе се одстрани дилемата околу укинувањето на мерката за ограничено работно време и јавноста ќе биде информирана за важечото редовно работно време кое може да го извршуваат угостителите.
Интегрален текст од,
НЕЗАВИСНА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА

Слични написи