Се враќа ноќниот живот, кафеаните и кафулињата ќе работат до полноќ?!

by ugostitelstvo.mk

Комисијата за заразни болести даде зелено светло за продолжување на работното време на угостителите за два часа и сега на потег е Владата. Со оглед на тоа дека министерот за економија Крешник Бектеши претходно изјави дека Владата ќе ги почитува препораките од Комисијата се очекува оваа одлука наскоро да стапи во сила.

Угостителските објекти ќе може да работат и по 22 часот, односно ќе се врати старото работно време кое важеше пред пандемијата. Комисијата за заразни болести даде зелено светло за продолжување на работното време на угостителите за два часа и сега на потег е Владата. Со оглед на тоа дека министерот за економија Крешник Бектеши претходно изјави дека Владата ќе ги почитува препораките од Комисијата се очекува оваа одлука наскоро да стапи во сила.

Освен оваа измена се очекуваат и други измени во протоколите кои се однесуваат на легитимирање на гостите, односно четирите лица кои ќе седат на иста маса да не мора да се од исто семејство. Ова правило предизвика најмногу проблеми во работата на угостителите, бидејќи тие немаат право да ги легитимираат гостите, сепак овој протокол кој го донесе Комисијата за заразни болести сè уште е на сила. Владата неодамна донесе одлука со која кога се вршат контроли во локалите и рестораните, заедно со инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, одат и припадници на Финансиската полиција, кои имаат право да ги легитимираат гостите, за разлика од пазарните инспектори на кои тоа не им е дозволено.

Како што изјави за весникот ВЕЧЕР, Мартин Ангеловски, од Туристичко-угостителската комора при ССК решавањето на ова барање е примарно, бидејќи е неспроведливо на терен.

-Оваа барање кое се однесува на легитимирање на гостите дали лицата кои седат на иста маса се од исто семејство е спорно и е неспоредливо на терен, бидејќи ние не можеме да ги легитимираме гостите. Поради тоа ние пративме официјален допис до Министерството за економија и Државниот пазарен инспекторат да побараат од Комисијата за заразни болести да се изедначат протоколите и ние да можеме да ги спроведуваме на терен, а оние да можат правилно да ги контролираат, изјави Ангеловски.

Од Туристичко-угостителската комора при ССК велат дека донесените протоколи за работа на угостителските објекти и хотелите се во рамки на европските и во добар дел се прифатливи, но има и недостатоци. На пример, во повеќекреветните соби може да се сместат само лица од исто семејство, не земајќи го предвид постоењето на невенчани сопружници или со различни презимиња или членови на семејства кои имаат различна адреса на живеење.

Од Комисијата за заразни болести се очекува да донесе протоколи за свадби и други прослави во хотелите и другите објекти, како и протоколи за спа центрите, базените или аква парковите, затоа што голем дел од објектите се атрактивни за гостите токму поради овие содржини.

Во однос на организирање на свадби и прослави во хотелите и рестораните, министерот Бектеши изјави дека очекува тоа да се случи порано отколку што првично беше најавено.

-За угостителските објекти кои организираат свадби ќе ја чекаме сугестијата од Комисијата. Убеден сум дека не до крајот на оваа година туку многу порано би можеле и тие да работат, рече Бектеши.

За сите овие барања последниот збор треба да го има Комисијата за заразни болести која се очекува до крајот на неделава да се произнесе и за останатите барања на угостителите.

 

Извор: ВЕЧЕР

Слични написи