Чекањето и шпекулациите за добитници на првите Michelin ѕвездички во Словенија, конечно заврши.
Денес, 16 јуни во 11 часот, престижниот француски водич за ресторани конечно ги откри првите Michelin sвездички во оваа земја.
Минатиот ноември беше објавено од словенечкиот туристички одбор, дека Michelin водичот, како и престижните Мишелин ѕвездички, доаѓаат во Словенија, а воедно ќе го издадат, првиот словенечки водич на Michelin во март 2020 година.
Доаѓањето на познатиот Michelin водич беше најавено како дел од ноемвриските денови 2019, на словенечкиот туризам и претставуваше огромна пресвртница и чекор кон поголемо признавање на Словенија како дестинација за врвни гастрономски искуства.
Водичот, требаше да ги открие првите Michelin ѕвездички во Словенија во март годинава, но поради појавата на кризата со COVID19, доделувањето на престижните признанија, беше одложено
Кон средината на мај, словенечкиот туристички одбор, заедно со францускиот Michelin водич, објавија нов датум за претставување и доделување.
Возбудата и напнатоста нагло се зголемија во последните неколку недели во словенечките ресторани, исто така кај кулинарските ентузијасти.
Доаѓањето на Michelin водичот во Словенија, секако претставува одлична можност за оваа земја да ја зголеми својата видливост како врвна кулинарска дестинација и да го подигне квалитетот на словенечката гастрономија. А за најпознатите словенечки ресторани ова е единствена можност да се здобијат со Michelin ѕвездички.
Ова се првите добитници на Michelin ѕвездички од Словенија
една ѕвездичка :
Хиша Денк и Грегор Врашко,
Гостилница и Лозецето – Дворец Земоно и Томаж Кавшиќ,
Вила Подвин и Урош Штефелин,
Ресторан Дам и Урош Факуќ.
Ресторанот и Јорг Зупан.
Куќата на Франко и Ана Рош, добија две Michelin ѕвезди.