Нерегистрирани сместувачки капацитети аплицираат за категоризација во дејноста

by ugostitelstvo.mk

Вкупно 12 нерегистрирани сместувачки капацитети од земјава аплицирале во Министерството за економија да бидат категоризирани. Тоа е условот да се добие дел од колачот вреден речиси 12 милиони евра, сума која државата ќе  ја подели преку ваучери на 117 илјади граѓани.

Рокот за хотелиерите да се пријават на платформата „Дома си е дома“ за да можат да примаат гости со државните ваучери од 6.000 денари е 30 – ти јуни. Но, за да се категоризира еден објект потребни се околу две недели. Од ХОТАМ велат дека не знаат дали овој период е доволен бидејќи се ќе зависи од бројот на апликации и ажурноста на службите.

„Досега се бараше сите да бидат категоризирани, и да бидат вклучено со категоризација како би добиле подобра слика на тоа што се нуди на пазарот. Општо во цела Македонија, не само во Охрид и Струга, што се нуди на пазарот и по таа категоризација би имале увид, кој се издава станови или апартмани и би биле во една иста игра или преку букинг ќе може да се контролираат тие станоиздавачи“, вели Крсте Блажевски, претседател на ХОТАМ.

Утрово, во редакцијата на Алсат неколку компании од туристичката дејност се пожалија и побараа информација кога ќе биде пуштена платформата со се формуларот за аплицирање на хотелите за да бидат на листата каде ќе може да се користат ваучерите. Платформата во целост профункционира во 14 часот. Во формуларот потребни се податоци од Централен регистар, лични и податоци за објектот.

Во Македонија има близу 4.500 категоризирани сместувачки капацитети. На охридското крајбрежје има 44 категоризирани хотели со околу четири илјади легла. Но, на располагање ќе бидат и 2.800 објекти кои нудат приватно сместување како вили и апартмани кои исто така се регистрирани и категоризирани, а во нив има 22.500 легла. Инаку Комисијата за заразни болести решава кои од правилата на Европската Комисија ќе бидат прифатени во земјава.

Извор. АЛСАТ М

Слични написи