Казината почнуваат со работа по три месеци пауза, но под строги протоколи

by ugostitelstvo.mk

 

Ќе биде забранет влез и движење во објектот на сите лица кои нема да носат заштитна опрема
(заштитни маски).

По речиси пауза од три месеци од денеска со работа почнуваат приредувачите на игри на среќа во казино, откако Владата го усвои строгиот протокол за работа кој вчера беше објавен во „Службен весник“.

Според протоколот е предвидено присуство на ограничен број на лица односно во просторијата можат да бидат присутни истовремено најмногу 1 лице на 5м2. Задолжително присуство на редарска служба на влезовите која ќе врши дезинфекција на раце на сите лица кои влегуваат во објектот, контрола на заштитна опрема (заштитни маски). Исто така службата ќе врши контролирано пропуштање на лица во објектот со запазување на дистанца од најмалку 2м до казино рецепцијата.

Понатаму, позициите за регистрација на посетители мора да бидат одвоени најмалку 2 м една помеѓу друга.

Ќе биде забранет влез и движење во објектот на сите лица кои нема да носат заштитна опрема (заштитни маски).

Вработените имаат обврска да вршат редовна дезинфекција и миење на раце и да носат заштитна опрема (заштитна маска), како и да одржуваат дистанца од најмалку 1,5 м.

Во случај на помало растојание помеѓу играчите задолжително да се користат пластични, стаклени или слични прегради, паравани и слично. Заштитната опрема е задолжителна при движење низ објектот, а присуството на лица на касите низ објектот е со одржување на дистанца од 2 м растојание.

Во објектите потребно е на видни места да бидат поставени соодветни информации за запазување на мерките за заштита и безбедноста на вработените и гостите.

Вработените потребно е да вршат редовно чистење со дезинфекционо средство на секое играчко место по секоја употреба. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.

Потребно е и редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства.

За играње на апарати на игри на среќа (АИС) се применува една од следниве мерки:

Доколку гостите седат на играчкото место на АИС и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето на заштитна опрема е задолжително за време на играта.

Доколку гостите седат на играчкото место на АИС со повеќе играчки места (електронски рулет) и притоа е запазено минималното растојание или играчкото место е обезбедено со пластични, стаклени или слични прегради тогаш носењето на заштитна опрема е задолжително за време на играта.

За играње на масите за жива игра се применуваат следниве мерки:

Игра на маса за жива игра Американски Рулет се одвива со најмногу 3 играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.

Игра на маса за жива игра Блек Џек, Карабиан Покер, Ултимејт Тексас Покер и други казино игри кои се играат на маси со седум играчки места, се одвива со најмногу 3 играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.

Игра на маса за жива игра Тексас Холдем Покер се одвива преку едно играчко место со најмногу 5 играчи при што носењето на заштитна опрема е задолжително.

 

ПЛУСИНФО

Слични написи