Како да го подобрите работењето на вашиот ресторан.

by ugostitelstvo.mk

Добрата анализа е клучот за добро управување.

Она што не можете да го измерите, не можете да го подобрите. Менаџерот треба да процени во кои сегменти треба да се направат подобрувања, намалување на трошоците и заштеда на ресурси кои не влијаат на квалитетот на работата.

Значително подобрување во работењето се постигнува со поставување на мали цели и дефинирање на тоа како ќе се постигнат. Понекогаш проблемот е очигледен како на пример големата флуктуација на врабтените. Тогаш треба да се запрашаме што го предизвика овој проблем. Сигурно е дека надворешните фактори имаат значително влијание, но наша задача е да се справиме со внатрешните влијанија врз кои можеме да влијаеме.

Другите проблеми кои не се толку очигледни, бараат подетална анализа што ќе ги даде посакуваните одговори. Тие вклучуваат проценка на профитабилноста на одредени јадења, нивната атратктивност (побарувачка), учеството на поедини трошоци во вкупните трошоци, итн.

Па така може да се направат подобрувања на пример на :

Анализа на менито;
Анализа на распоредот на вработените;
Анализа на барањата за одмор / денови за отсуство на вработените;
Обука на новите вработени;
Унапредување на системот за поплаки;
Воведување и развој на специјални настани (happy hour, тематски вечери, итн.);
Развој на маркетинг стратегија и
Со одговарање на коментарите преку Интернет, итн.

Следната активност што би можеле да ја воведете е автоматизација на процесите.

Може да се направи при нарачување храна преку Интернет, при доставување храна од трети страни, пријавување претплати, преземање на е-пошта преку програмата за маркетинг и лојалност, известувања за нови прегледи итн.

Одржувањето на веб-страницата со сите релевантни информации исто така е важно.
Со цел подобро да се позиционирате на пребарувачите, пожелно е да напишете блог.

Резултатите од деловната активност можат да се подобрат со следење на прометот по вработен, продажба на одредени производи и постојана обука.

Обуката е важна за вработените да ги усвојат техниките за продажба, да ја презентираат понудата, постапката на послужување според стандардите на ресторанот, процедурите за решавање на поплаки за гости, итн.

Заштедите се исто така многу важни при купувањето.

Доколку имате можност да купите повеќе артикли од еден дистрибутер и со тоа да добиете поповолен попуст, ќе направите значителна заштеда. Следно, треба да ги следите месечни резерви и да купувате намирници што можат да се чуваат суви.

Во кујната, неопходно е да се следат нормативите. Честопати, кога има голема гужва, од рака се проценува количината на, прилозите, додатоците, па дури и на месото. Внимавањето на трошоците за подготовка на храна е можно само со редовно следење на трошоците.

Оптимизацијата на работната сила е следната многу важна ставка. Ова се постигнува со соодветно распоредување, ангажирање хонорарни работници кога зафатеноста е над просекот на неделата и обука на луѓето за да ја врашат работата.

 

Слични написи

Leave a Comment