Како Booking.com ги потикнува гостите повторно да резервираат во Хрватска

by ugostitelstvo.mk

Кампањата е насочена кон корисниците во Хрватска кои мораа да ги откажат резервациите во нивната земја, заради ограничувањата на владата за патувања поради коронавирусот. Booking.com ги поттикнува гостите повторно да резервираат сместување во истиот објект кога ќе стане безбедно повторно да се патува

Оваа иницијатива има за цел да ги врати хрватските партнери во нивниот бизнис, да ги инспирира патниците и да обезбеди поддршка за локалниот бизниси.

За да ги охрабри туристите повторно да го резервираат истиот објект, Booking.com ќе им понуди награда од 15% (до 100 евра) по престојот, што ќе важи за резервации направени до 31 декември 2020 година и со датум на одјавување до 30 април 2021 година. . Покрај тоа, Booking.com нема да наплати провизија за резервациите направени како дел од оваа кампања, сè со цел да обезбеди дополнителна поддршка за партнерите во услугата за сместување.

Овие иницијативи им овозможуваат на сместувачките капацитети лесно да ги истакнат мерките на претпазливост што ги има објектот во врска со коронавирусот на страницата на објектот. Исто така, ниту една провизија не е наплатена за откажани резервации, резервациите со изменети датуми, како и оние што се компензирани со ваучер, заради ограничување на патувањата. Новите правила ќе се применуваат ретроактивно.

Booking.com воведе и алатка што им им овозможува на партнерите поголема флексибилност при примена на нивните правила и начини на работа и ја промовира нивната употреба за да им помогнат на објектите да ја искористат побарувачката на корисниците кои сакаат флексибилност во овие неизвесни периоди.

 

Слични написи