Инспектори од финансиската поолиција ќе легитимираат гости во угостителските објекти

by ugostitelstvo.mk

Почнувајќи од 11.06.2020г, во засилена контрола на почитувањето на протоколите од страна на кафетериите и угостителските објекти, на инспекторите од ДПИ, ќе се придружат и инспектори од финансиската полиција, кои имаат право да легитимираат лица, кои подоцна би можеле да бидат и сведоци во поведени кривични постапки во случај на прекршување на протоколите.

„Јас сакам да верувам дека стопанствениците и граѓаните ги почитуваат и ќе продолжат да ги почитуваат донесените мерки, но верувајте доколку се утврдат недоследности во спроведувањето на мерките, сакам да потенцирам дека инспекторите ќе бидат строги во контролите и ќе следуваат соодветна санкција за сите што ќе се осмелат да ги прекршат“, заврши претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска-Грашкоска.

Слични написи