Хилтон отпушта 2.100 вработени

by ugostitelstvo.mk

Њујорк, 17 јуни 2020 () – Групацијата Хилтон Хотели ќе отпушти 2.100 вработени, или околу 22 отсто од вкупната работна сила, поради постојаното намалување на резервациите за хотелско сместување и службените патувања за време на пандемијата на новиот коронавирус. Американскиот синџир хотели, исто така, ќе ја продолжи за уште 90 дена актуелната програма на принудни одмори за повеќето вработени. Хилтон групацијата кон крајот на март објави воведување принудни одмори за вработените, како и времено намалување на платите на раководителите. – Никогаш во 101-годишната историја на Хилтон, нашата индустрија не се соочила со глобална криза која буквално ги прекинала патувањата, истакна генералниот директор Кристофер Насет. Си Ен Ен наведува дека и други големи хотелски синџири, како што се Мериот и Хајат, станале жртви на Ковид-19. Американските хотели загубиле повеќе од 30 милијарди долари заработувачка, а речиси шест од десет хотелски соби се празни, според податоците на американската асоцијација на хотели и сместувања.

opserver.mk

Слични написи