ХЕДОНИЗАМ 2020 новото здружение на хотелско-угостителските работници во Македонија

by ugostitelstvo.mk

Конечно и во вистински момент се појави организација која ќе треба да ги организира хотелко-туристичките работници со цел полесно да ги осстварат својте права.
Здружението, ХЕДОНИЗАМ 2020 можеби и не е првото здружение од ваков карактер но многу е извесно дека е првата организација која за сега има сериозни намери да се фати во коштец со предизвиците.
Хотелско-угостителскиот сектор во нашата држава подолго време има сериозни предизвици со кои не успеаа да се справат сите актуелни здруженија, а ниту коморите како претставници на реалниот сектор не покажаа посериозни резултати во нивните залагања за решавање на проблемите.

Да се надевме дека оваа нова организација ќе понуди соодветни решенија, барем за нивните членови (вработените во угостителскиот сектор) и со тоа ќе направи исчекор кон решавањетона постоечките проблеми во хотелско-угостителскиот сектор.

Интернет магазинот УГОСТИТЕЛСТО.МК му посакува многу успех во работењето на здружението и во целост ќе ги следи неговите активности и несебично ќе му пружи подршка и помош.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме текстот од формирањето на здружението,
ХЕДОНИЗАМ 2020

 

 

Почитувани колешки и колеги на угостителството и туризмот.
Сакаме да ве известиме дека е формирано здружението н аугостителско туристички работници ХЕДОНИЗАМ 2020.
Целта на ова здружение да работи без прекорно се додека не се изнајде решение и за последниот проблем, во угостителскато туристичката дејност. Тука сме да работиме и да сработиме. Ова здружение нема да биде регистрирано само колку да се користи за одредени лични цели. Ова здружение ќе работи макотрпно сплотено заеднички со сите енегови членови, за изнаоѓање и решавање на сите наши проблеми кои со години наназад не мачат сите нас.Тука сме да се помгаме сплотено
ХЕДОНИЗАМ 2020 да го направиме вистинско катче за сите угостителско туристички работници, каде што ќе можат да се обратати да изнајдат решение за нивниот проблем.
ХЕДОНИЗАМ 2020 нема намера ни сила или присила да ги решава проблемите со газдите на објектите, рестораните, кафичите, ланч баровите, сендвичарите и ред други објекти, туку на заеднички залагања и разговори на демократски и правен начин да се дојде да заеднички цели кои ќе бидат од корист и на нас на нашите газди.
Објектите се само школката во која сме згрижени ние работниците, а бисерот во самата школка сме сите ние вработени. Со разумни решенија за подобро и поквалитетно угостителско туристичка дејност.

Интегрален текст, ХЕДОНИЗАМ 2020

Слични написи