Да инвестирате или да не инвестирате во вашите вработени

by ugostitelstvo.mk

 

 

 

Факт е дека во угостителскиот сектор има се помалку и помалку квалификувана работна сила и дека малку од кандидатите што се јавуваат на интервју си ја знаат својата работа.

Многу од угостителите се дојдени во фаза кога се приморани да ги намалат критериумите и мораат да ангажираат кандидати со многу полошо знаење од она што е потребно.

Тоа е нужно зло. Прашањето е, да примите на работа персонал кој не е соодветен и да се помирите со фактот дека вашите вработени со тек на време ќе ги изгубите вашите гости, или, треба нешто треба да направите со цел да го подобрите нивното работење. Логично би билоова второто, направете нешто за вашите вработени и за вашиот бизнис.

Со помош на стручни лица-компании организирајте обуки за вашите вработени.

Одберете реномирана компанија, и организирајте обуки.Кај нас најпозната компанија за обуки  секако е

  Regent Hospitality Consulting.

Преку ваков вид на обуки обуки вашиот персонал ќе се стекне со потребните знаења и вештини во делот на стручноста, а со тоа келнерите, бармените и готвачите ќе поминат низ сите фази на производно услужните процесеси. 


На обуките вашите вработени ќе научат за, добар третман на гостите, правилата за добро однесување, технички и продажни вештини као и техники на работа во кујна.

Најголем дел од обуката се состои од симулација на реална работа во која на секого поединачно му  се укажува на тоа што работи грешно и како тоа да го подобри. Кога и како да направи подобра продажба, што и како да препорача итн.
За подобра продажба, т.е. за подобри техники за продажба (продажба на вино, пиво, десерти, леб, вода и сл.), Многу е важно вработените добро да ја познаваат понудата ( менито), а посебно треба да се стави акцент на виното како добар сегмент за поголем обрт.

Знаеме дека 70% од впечатокот со кој гостинот го напушта ресторанот е поврзан со квалитетот на услугата?

Дали вашите вработени учат од сопствените грешки ? Ова и не е баш најдобра пракса, посебно не во угостителскиот сектор, грашката честопати може да биде кобна за вашиот бизнис.Откако ќе се уништи угледот на ресторанот, тешко е да се врати (понекогаш и воопшто не е возможно).

Кога станува збор за обука на вработените најчесто поставувано прашање е:
„Што ако инвестирам во вработениот и тој да си замине?“ Секао дека ова не е пријатно сценарио.
Полошо од тоа е, да не инвестирате во вработениот, а тој да остане.

Со оглед на знаењата и вештините на вашите вработени вие свесно одите на варијантата да ги изгубите вашите гости. Размислете што следува. Намален  прометот, лош имиџ и постојано давање на огласи за нови вработени, кој патем речено ќе бидат со исто или со слично (не) занење со оние што ви ја предизвикале штетата. 

Затоа повикај те компанија за обуки и тренинзи и разговарајте со нив. Бидете сигурни дека тие имаат соодветно решение за вашите проблеми, кој всушност и не се само ваши проблеми. Целиот угостителски сектор се среќава со овие проблеми. Токму зато овие компании се принудени да смислуваат и изнаоѓаат решенија за вашите предизвици. 

Во нивните програми постои можност да се направи долгорочна соработка за да може да се отстрани проблемот со персоналот во заминување и секој нов вработен да се преквалификува и да се вклопи во воспоставениот систем за квалитет, а не обратно, како што е често случај во пракса.

Слични написи