Ведување на Ваучери за туристичките патувања во ЕУ

by ugostitelstvo.mk

Здружението на европските стопански комори Eurochambres/ и предложи на Европската комисија привремено да дозволи воведување ваучери во целиот туристички сектор на ниво на ЕУ, наместо наплата за откажани услуги, сето тоа како заедничко решение за да му се помогне во туристичкиот сектор.

Некои земји ова веќе ги имаат усвоено.  Поединечно носење на национални решенија може да доведе до нарушувања на единствениот пазар, т.е. нееднакви услови за потрошувачите во одредени земји.
Веќе некое време се предлага ваучерите за туристичките агенции да се имплементираат и на други индивидуални услуги, како што се сместување, транспорт, влезници, како што донесоа некои други земји како, како Франција, Италија или Грција.

Голем притисок има од туристички сектор, на ниво на целата ЕУ, како и UNWTO, да обезбеди голема финансиска инјекција во секторот за туризам преку ЕК, како и да се воведат горенаведените т.н. туристички ваучери.„Тоа ќе помогне во борбата против неликвидноста што посебно ги погодува туристичките компании како резултат на коронавирусот.

Важно е регулативата да биде усогласена на ниво на ЕУ, така што националните власти можат да воведат ваучери, без да се прекршат тековните важечки европски регулативи.

Ова би ги задоволило потребите и на туристичките компании и на потрошувачите.
Ваучерите само го одложуваат правото на купувачот на поврат на пари или да го искористи патувањето за друг временски период.
А предлогот е ваучерите да важат до 31 декември 2021 година. Ако патникот до тогаш не ги искористи, тур-операторите ќе мора да ја вратат вредноста на ваучер во рок од 14 дена.

Што се однесува до пакет аранжманите, доколку во меѓувреме агенциите банкротираат, побарувањето на патниците за враќање на средствата е обезбедено со веќе постојните национални шеми за гаранција (фондови или компании за осигурување).

 

Со оглед дека седствата на туристичките компании за наплата се ограничени, доколку потрошувачите кои се спречени од објективни причини, пр. затворени граници или закани по здравјето продолжат да ги откажуваат своите патувања и да бараат поврат на средства, ликвидноста на компаниите ќе отиде до неодржливо ниво.
Во овие услови компаниите можат да пропаднат, така што потрошувачите не ќе можат да извршат поврат на средствата бидејќи стечајната маса на малите субјекти не е доволна.
Доколку се донесат ваучери, овие патувања сепак ќе се реализираат во најголем дел по отстранувањето на сите рестриктивни мерки, а патниците кои сè уште сакаат поврат, ќе можат да го добијат средствата кога секторот ќе се врати на нозе и ќе започне да прави приливи од нови резервации.
Бидејќи 10 проценти од европските компании припаѓаат на туристичката индустрија (2,4 милиони), во која се вработени скоро 14 милиони работници, очигледно е негативното економско влијание од падот на секторот за туризам на ниво на ЕУ, а со тоа и потребата од воведување ваучери за туризам.

Слични написи

Leave a Comment