Стратегија за враќање на хотелите по пандемијата.

by Goran Damcevski

хотелиери

Хотелите сега се соочуваат со огромна неизвесност и затоа е важно да бидете сигурни најмалку во една работа, а тоа е вашата деловна стратегија.

Секој хотел кој сега е затворен или се соочува со пад на резервациите поради пандемијата, мора да има план за тоа во кој правец ќе оди подоцна.

Најлошо и најдобро сценарио.

Целокупниот тренд за хотелската индустрија е позитивен, така што ова не е време за паника, туку е време за испланирање и контролирање на трошоците. Менаџерскиот тим сега има многу време да ги разгледа, најлошото и најлошото сценарио.

Што ако после пандемијата групните резервации значително опаднат и што да се прави доколку индивидуалните резервации за викендите опаднат за 25 проценти. Ова се нкои од прашањата н акои треба да се одговори.

Останува да се види како маркетинг тимовите можат да ги пренасочат планираните средства за промоција за да обезбедат продажба на нови пазари или да генерираат приходи во алтернативниот сектор.

Не ги намалувајте цените

Лекциите од претходните кризи нè научија дека намалувањето на цените може да придонесе за краткорочни профити, на долг рок може да претставува проблем за хотелите кои се одлучуваат за оваа стратегија.
Затоа што, кога ќе помине кризата, хотелите кои ги намалија цените ќе имаат проблем затоа што побарувачката ќе се зголеми. На клиентите ќе им биде тешко да го прифатат последователното зголемување на цената.
Исто така доколку конкуренцијата ги намали цените, тие во иднина можеби нема да ги зголемат, што потоа ќе претставува тешкотија за вашиот хотелот, кој сепак ќе одлучи да ги зголеми цените кога ќе помине кризата.

Кризен ПР

Хотелите треба да размислат внимателно за одлуките што ги донесуваат сега тие треба да бидат рационални за да не се каат подоцна.
И покрај падот на приходите, тие треба да инвестираат во кризниот ПР, или барем да размислат каква порака ќе им испратат на своите сегашни и идни клиенти. Потребно е постојано одржување на комуникација со гостите преку социјалните мрежи.

Нови пакети

Хотелиерите чиј мнозински бизнис доаѓа од еден пазар, како што е Кина, треба да се обидат да привлечат други клиенти со цел да го минимизираат негативното влијание на помалку гости од Кина.
Уште сега хотелите треба да размислат за специјални пакети што ќе привлекуваат гости кога ќе помине епидемијата. Размислете кои дополнителни услуги за иста цена можете да ги понудите на гостите и будно внимавајте што прави конкуренцијата.

 

Слични написи

Leave a Comment