Спортски работници и едриличари со поддршка на општината да се воспостави ред во каналот Студенчишта

by ugostitelstvo.mk

Едриличари, спортски работници и сопственици на едрилици, во соопштение за јавност, изразуваат поддршка и согласност со одлуката на Советот на Општина Охрид за давање на времено користење на недвижен имот – сидриште за пловни објекти – едрилици на ЈП “Билјанини Извори” Охрид. Искрено се надеваме на конечно решение за воспоставување ред во каналот Студенчишта, се вели во дописот до медиумите.

Ја поздравуваме и намерата на јавното претпријатие тоа да биде слободен простор, кој ќе можат да го користат сите активни клубови за спортови на вода и сопственици на едрилици. Истовремено се оградуваме од било каква наша инволвираност на некој политички субјект. – стои во соопштението за јавност испратено од група едриличари.

 

Ohrid News

 

Слични написи

Leave a Comment