Со половина милион евра се подобрува туристичка понуда на Маврово

by Goran Damcevski

Со половина милион евра, општина Маврово и Ростуше и националниот парк „Маврово“ ќе ги подобруваат туристичката понуда и достапноста на природните убавини во овој крај. До крајот на годината треба да се реализира проект што опфаќа изградба на излетнички точки, набљудувачници, обновување на планинарски патеки, набавка на возила за фото-сафари и други содржини наменети за престој во природа.

Со потпишувањето на договорите помеѓу партнерите во проектот ЈУНП „Маврово“ и општината Маврово и Ростуше деновиве започнаа и активностите за набавки и отпочнување на работите на терен. Планираните инвестиции во инфраструктурата поврзана со туризмот се дел од проект што треба да овозможи развој на туризмот Мавровско и по долината на Радика.

– Општината е носител на овој подгрант и веќе е започната неговата реализација. Преку него ќе се инвестира значителна сума средства наменети за развој на туризмот. Партнерите во проектот ”Развој на туризмот во Мавровската долина” добија подгрант во износ од 32.080.623 денари што го добивме од Светската банка преку Владата на Република Северна Макединија, а проектот се имплементира преку Единицата за спроведување на проектот (ЕСП) „Локална и регионална конкурентност“, изјави за МИА, Медат Куртовски градоначалник на општина Маврово и Ростуше.

Куртовски посочи дека во моментов се врши евалуација на понудите за изработка на дрвени мостови, летниковци, набљудувачници и обележување патеки.

Најголемиот дел од содржините и предвидените зафати се на терторијата со која управува најголемиот национален парк во земјава. Според првиот човек на НП Маврово, по реализацијата на предвидените содржини, посетителите ќе имаат подобрени услови и можности за да уживаат во контактот со природните убавини во паркот.

Повеќе на линкот, НЕЗАВИСЕН ВЕСНИК

Слични написи

Leave a Comment