Со онлајн кампања ,,Дома си е дома‘‘ ќе се поддржува домашниот туризам

by goran

Во услови на неизвесност дали и кога ќе стартува овогодинешната туристичка сезона во соседството,  со новата онлајн кампања „Дома си е дома“ ќе се привлекуваат домашни туристи.На тој начин Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе се обиде да ги минимизира загубите во секторот. Во соработка со туристичките агенции и тур-операторите, ќе ги понудат сите атракции што може да се видат во земјава. Со цел да ги привлечат домашните туристи, во понудите освен веќе познатите туристички дестинации и националните паркови, ќе понудат и авантуристички форми на туризам, рурален и еко-туризам.

“Во 2020 се фокусираме токму на овие моменти кон една нова кампања насловена како “Дома си е дома”, што ќе овозможи промовирање на домашните капацитети и секако, ќе ги повикаме сите туристи, кои што оваа година планираат да одат на одмор, а се оттука, тоа да го направат во земјава. Пред сè, говориме од фактот дека режимот во овој момент на патување е таков каков што е, но сè уште мислиме дека домашниот пазар и фокусирање на домашните туристи барем колку толку туризмот во 2020 година да нема толку големи минуси”, вели Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Доколку се оствари позитивното сценарио и до крајот на овој или почетокот на следниот месец се отворат хотелите и приватните сместувања, според Јаневски, ќе може да се достигнат ланските бројки од домашни туристи.

“Доколку пандемијата е во оној праг, во кој што се планира да биде, или во праг во кој што ќе може малку послободно да циркулираме, токму во нашите граници, очекувам дека бројката од 1,6 милиони ноќевања не е недостижна за 2020 година”, вели Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

Сепак, останува отворено прашањето дали и колку странски туристи ќе ја посетат земјава, со оглед на неизвесноста од пандемијата. Лани околу 427.000 домашни туристи реализирале скоро 1,7 милиони ноќевања, што е 51% од вкупниот број ноќевања.

Сител

Слични написи

Leave a Comment