Прирачник за работа со храна во угостителските објекти.

by Goran Damcevski

АХВ излезе со прирачникот во кој се наоѓаат препораките наменети за работа на бизнис операторите со храна во услови на присуство на можна инфекција со Ковид 19. Овој пррачник ги опфаќа, угостителските објекти, како и објектите за сместување во кои се подготвува храна за гостите.

Комплетниот прирачник можете да го симнете на овој линк  ПРИРАЧНИК СО ПРЕПОРАКИ ЗА КОВИД 19.

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) бара од сопствениците на угостителски објекти пред најавата дека е можно од следната недела некои од нив да бидат отворени да спроведат дезинфекција и чистење на опремата и на површините за обработка на храна и да го дезинфицираат целиот објект.

 

Зоран Атанасов, директор на АХВ, на денешната прес-конференција на Инспекцискиот совет рече дека и забелешките од досегашните надзори што се направени од почетокот на вонредната состојба се однесуваат токму на лошите хигиенски услови – за чување на храната и на површините каде што се обработува, или на немањето сертификати кај вработените за безбедност во ракување со храна, како и за неспроведени санитарни прегледи.

Атанасов истакна дека овие забелешки не се однесуваат само на спречување на ширењето на коронавирусот, туку и воопшто за спречување на евентуално ширење на болести преку храната.

Во периодот од 27 април до 3 мај Агенцијата за храна и ветеринарство спровела 154 надзори во повеќе градови и тоа во маркети, угостителски објекти, месарници, зелени пазари при што се изречени 5 казнени мерки поради немање обука за безбедност на храна и 12 решенија за лоша општа хигиенска состојба.

Слични написи

Leave a Comment