Препораки како да ја одржувате хигиената во вашите угостителски објекти по нивното оворање

by goran

Клучот за успех во угостителската индустрија е знаењето,
затоа ние споделуваме бесплатни совети
кои ги стекнавме со текот на времето

 

Во пресрет на отворањето на рестораните и кафулињата, научете како да ги заштитите гостите и како да ja одржувате хигиената во деловните простории.

Според најновите информации на владата, работата на рестораните и кафулињата ќе започне  наредната неделе односно после  18 мај. Работењето вероватно ќе биде дозволено само на терасите но останува да видиме. Во овој текст сакаме да ви дадеме неколку упатства за тоа како да ја спроведете пропишаната епидемиолошка заштита во вашиот угостителски објект, притоа почитувајќи ги највисоките хигиенски стандарди и дезинфекција на просторот, така што вашите гости ќе се чувствуваат удобно и безбедно!

Пред се постојано следете ги упатствата и препораките на владата, кризниот штаб и на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Ова е навистина важно да се потенцира, во текстот ќе укажеме на некои генерално добри практики, но тие сe само надградба на предлозите на Комисијата за заразни болести.

Со применување на овие напатствија ќе покажете дека имате највисоки стандарди на хигиена во вашиот ресторан.
Ова е важно, бидејќи поради постојано менување на пропишаните правила, можно е да прекршите некои од нив, а за тоа и да незнаете, за што би можеле да добиете казна.

Комисијата за заразни болести подготвува  детални упатства-протоколи, за угостителските објекти. Прво ќе треба да ги и прочитате и добро да се запознаете со начинот на кој треба да се применуваат упатствата-протоколите.
Потоа, применете ги и нашите совети, затоа што се добра општа пракса за сите угостителски објекти. На овој начин, ќе ги обезбедите највисоките стандарди на хигиена и што е најважно, вашите гости да се чувствуваат пријатно и безбедно со вас.

Како соодветно да се оржува хигиената во  угостителскиот објект за време на пандемија.

Вероватно љубовта кон храната била причина за да влезете во угостителството, па разбирливо е дека нема да ви пречи одржувањето на хигиената во вашиот ресторан. Во овие моменти треба посебно да се грижите за хигиената бидејќи станува збор за пандемија на коронавирус, вашиот ресторан треба да биде почист од кога и да било за да ги заштити вашите гости и вашиот персонал од инфекција.

Рестораните во ова време треба да бидат едно од најчистите места бидејќи тие  ќе бидат масовно посетени од гости. Веројатно и досега сте вложувале големи напори да го спречите ширењето на бактериите во ресторанот. Сега само треба да ги зајакнете мерките за хигиена, да ја зголемите фреквенцијата на миење на рацете и да се осигурате дека вашиот персонал со симптоми на болеста нема да доаѓа на работа. 

Некои  анкети укажуваат дека 93% од гостите избегнуваат повторно да се врата во одреден ресторан каде забележале пропусти. Ова најчесто вклучува проблеми со хигиената, како што се непријатни мириси, валкани тоалети, маси и сл.

 

Сега треба да се фокусирате најмногу на овие работи.

Според информациите од Комисијата за заразни болести, коронавирусот се шири со близок контакт, како и со кивање и кашлање. За време на здравствена криза од оваа големина, мора да ги следите упатствата на Комисијата за заразни болести, за јавните субјекти.

Зголемете ја зачестеноста на чистење на предметите кои најчесто се користат, како што се рачките на вратите или екраните за допир. Укажете му на  персоналот почесто да ги мие рацете или да ги дезинфицираат. Нагласете дека правилното миење на рацете трае минимум 20 секунди. Ова е особено важно за време на зголемено присуство на гости. Добро би било да се вработи лице посебно во секоја смена кое ќе биде одговорно за дополнително одржување на хигиената.

Во овој напис, ќе ви посочиме како да го чистите вашиот угостителски објект, дел по дел, со општи совети за да обезбедите соодветна хигиена и безбедност за вашите гости.

Во овој дел за хигиена на угостителкиот објект, ќе го објасниме следното:

  • Како да се исчисти секој дел од ресторанот (област за гости, бар и кујна)
  • Кои производи за чистење ви требаат?
  • И кој е најдобриот начин за чистење

Сакаме да напоменеме дека оваа содржина е чисто информативна и не спаѓа во делот на  законските упатства. Потребно е вие самите да ги прилагодите вашите услови и практики со законските регулативи. За подетални упатства контактирајте ја епидемиолошката или санитарната служба  или контактирајте ги Regent Hospitality Consulting  http://www.regent.mk/

Чистење на угостителскиот објект од влезната врата па седо до кујната

Чистење на просторите за гости.

Терасата на ресторанот им го остава првиот впечаток на гостите и таа треба да им овозможи добра атмосфера за тие да се чувствуваат удобно додека вечераат, ручаат или едноставно пијат кафе. Особено треба да внимавате на ова сега во времето на епидемијата кога гостите се посебно претпазливи и чуствителни на хигиената. Ова е време кога вашиот пристап е многу важен.
Бидете сигурни како и секогаш, гостите забележуваат ако сте обрнале внимание на хигиената и чистотата во вашиот објект.

На влезот во објектот-терасата поставете пулт-маса, со средство за дезинфекција.

Доколку сте во можност исто така на влезот поставете, Дез бариера, или дебело чергиче кое постојано ќе биде натопено со дезинфициенс, ( нешто слично на дез бариера што се поставува пред влезот во кујната)

Чек листите за чистење и проверка можете да ги испечатите и да ги поставите на видливо место за да можат вработените подобро да го следат процесот и оддел по оддел и да ги чистат, со тоа ќе бидете сигурни дека не сте заборавиле нешто, а воедно и на гостите ќе им дадете до знаење дека внимавате на хигиената.

Задолжителен прибор и препатрати за чистење:

Средства за чистење работни и стаклени површини во спреј.
Средства за дезинфекција 
Чисти крпи.
Метла.
Џогер , моп и кофа со топла вода.
Правосмукалка
Се ова што е горе наведено посебно за тоалет како и четка за тоалети
Хартија за тоалети, хартиени крпи и салфетки

Со средство за дезинфекција (најпрактично е Дизентал) зачестено да ги прскате површините кои гостите најмногу ги допираат со своите раце, тоа се, масите, рачките од столиците, рачките на влезните врати, кваките од сите останати врати, POS терминалите и сл. Пожелно е за време на епидемиолошка криза, да назначете работник кој поинтензивно ќе организира спроведување на мерките за хигиена.

Исто така, добро е да размислите за отстранување на предметите од масите кои гостите постојано ги допираат со рацете, како на пример, шишињата со кечап и други сосови, менијата, рекламниот материјал што стои на масите, и сл. Овие предмети отстранете ги и давајте им ги на гостите само на барање, се разбира претходно дезинфицирани и избришани. ОВА ПОСЕБНО ТРЕБАДА ВАЖИ ЗА КАРАНФИНДЛИТЕ.

Просторијат каде што претстојуваат гостите мора редовно да се вентилира, чисти и дезинфицира.
Вентилаторите на терасите добро е да бидат постојано вклучени.

Дезинфекцијата на рацете е исто така задолжителна.

Во кујна

Исчистете ги  садовите и скарата помеѓу секоја употреба.
Исчистете ги сите големи дамки од храна кои се останати на подот.
Редовно проверувајте ја температурата во разладните уреди.
Дезинфицирајте ги сите површини на кои се наоѓа потенцијално заразена храна.

Редовно вентилирајте ја кујната, или вентилацијата нека биде постојано вклучена.

За време на епидемиолошка криза, дезинфицирајте во редовни интервали, на пример на секој час или половина час.

Задолжително вработените во кујна да носат заштитни маски
Исчистете ги садовите и скарите и испразнете ги резервоарите за маснотии.
Филтрирајте го маслото од фритезите.
Испразнете ги и дезинфицирајте ги фрижидерите и топлите маси
Исчистете ја опремата и приборот, искористените садови и тави  однесете ги меѓу валканите садови.
Одмастете ги и дезинфицирајте ги сите површини.
Отстранете ги сите подни простирки.
Избришете ги сите подови.
Испразнете ги сите канти за отпадоци.
Исчистете ги печките од внатре и од надвор.
Исчистете ги филтрите и решетките од вентилацијата.
Чистете ги и дезинфицирајте ги подовите периодично.

Измијте ја рачно целата опрема што не може да се стави во машината за миење садови.
Исчистете ги и дезинфицирајте ги мијалниците.
Соберете ги и исчистете ги сите подметачи, користете апарат под притисок.
Изметете ги, одмастете ги и избришете ги сите подовите.
Исфрлете ги отпадоците.

За подетални консултации и информации околу воведување и одржување на стандардите за хигиена во време на пандемијата, обратете се на, Regent Hospitality Consulting  http://www.regent.mk/

 

Слични написи

Leave a Comment