Новиот протокол за хигиена на хотелскиот ланец Hilton.

by Goran Damcevski

Несомнено е дека во претстојниот период хигиената ќе биде од примарно значење во хотелскиот бизнис.Уште еден од огромните хотелски ланци, пред некој ден ја објави својата стратегија која ќе ја имплементира во процесот на чистење. Станува збор за хотелите Hilton.

Нивната стратегиај го опфаќа целиот процес од  ,,Check-In” до ,,Check-Out” моментот. ,, Clean Stay” е терминот кој е развиен во соработка со ,,RB (the maker of Lysol)” https://www.rb.com/brands/lysol/ и  ,,Mayo” https://www.mayoclinic.org/  клиниката, а идејата е да биде имплементиран ширум светот најдоцна до месец Јуни оваа година.

Постоечкиот систем за одржување и чистење на собите, ќе подобрен со дополнитемни протоколи како и со медицинска опрема за дезинфекција. Hilton настојува во сите свои хотели кои ги поседува во светот, а кои се повеќе од 6100 секој гостин да биде спокоен за време на неговиот престој.

Што точно менуваат во Hilton?

Комплетниот програмa е се уште во изработка, но сигурно е дека предмет на разработка се следните позиции.

Соби.

Вратите на собите ќе бидат запечатени. Со ова на гостите им се дава до знаење дека апсолутно никој не влегувал во собите после процесот на чистење.

Дополнителна дезинфекција.

Во оваа група спаѓаат  предмети и делови од собите кои гостите најчесто ги допираат додека престојуваат во хотелот. Посебно внимание и средства ќе се усмерат на тој сегмент, со фокус на кваките од вратите, делечинските, прекинувачите за светло и слично.

Аменитис.

Сите предмети како што се пенкалата, хартијата, чашите и останатите работи што спаѓаат во оваа категорија, сите ќе бидат одстранети.

Просториите со голема фрекфенција на посетеност од гости.

Површините во овие простории ќе бидат дезинфицирани повеќе пати во текот на денот. Се уште не е познато дали ова ќе се извршува на одреден временски период или одреден број на дезинфекција во денот ќе биде потребно оваа операција да се повроува.

На овие места исто така ќе бидат поставени и така наречени станици или пунктови на кои гостите самите ќе можат да вршат дезинфекција на својте раце или на одредени предмети, како на пример мобилниот телефон, клучевит и сл.



Без контактен ,,Check In’’

Hilton е веќе познат по тоа што постојано врши надополнување на своите системи за ,,digital Key” технологијата. Која е наменета за гостите што сакаат на дигитален начин  да направат ,,Check In’’.

Нивните гости ќе можат да изберат соба и да направат ,,Check In-check out “ користејќи го сопствениот мобилен телефон во комбинација со ,,Honors” мобилната апликација.

Иновативна дезинфекција.

Хилтон моментално го тестира воведувањето на дополнителна технологија, како што се електростатички спреови. Овие се засноваат на ултравиолетови зраци, кои дополнително помагаат во откривањето на контаминирани површини кои дополнително ќе треба да бидат исчистени.

Реално е да се очекува многу хотели во свето да ги унапредат своите протоколи за хигиена.

Исто така дека овие мерки ќе станат стандарди кои секој хотел ќе ги користи во иднина како адут за својата конкурентност, без оглед на ситуацијата во светот.

Каде се наоѓате вие ?

Не зависно на големината на вашиот хотел повеќе од сигурно е дека ќе морате да применувате соодветни мерки-протоколи за безбедност на вашите гости за време на нивнот претстој.

А во интерес  на вашиотт бизнис е, порано да започнете со примена на соодветни методи, со цел да бидете во чекор со претстојната ситуација како и со вашата конкуренција.

 

Дополнителни информации и консултации за имплементација на новите стандарди за санитарност.

Слични написи

Leave a Comment