Не се знае кој ќе преживее во туризмот

by goran
 

Не се знае кој ќе преживее во туризмот, на одмор во татковината, вели Аркан Керим, поранешен претседател на Туристичко Угостителска Комора на Македонија, директор на туристичка агенција и хотелиер

Мерките не попуштаат, но топлото време сите не тера да размислуваме за летување. Како и каде ќе се оди на одмор? Богатите размислуваат за далечни дестинации, посиромашните за туристички центри во соседните држави. Но, факт е дека ако продолжи вака ниту едните, ниту, пак, другите ќе може летово да се капат во солена вода.  Аркан Керим, поранешен претседател на Туристичко Угостителска Комора на Македонија и директор на туристичка агенција и хотелиер за mms.mk вели дека во фелата треба да се отвори пандорината кутија, бидејќи на светско ниво се уште не се знае како ќе се летува. Односно, нормално е кај луѓето да постои интерес за одмор, но дека во овој момент никој не знае каде, како и од кога ќе може да оди на одмор.

Доаѓа лето, какво е расположението за одмор? Се јавуваат ли за аранжмани? Какво е размислувањето на луѓето?

-За жал следствено на ситуацијава многу е мал интересот кај луѓето за одмор бидејќи се уште не сме излезени 100% од пандемијата и како и сите граѓани и ние секојдневно ги следиме ситуациите и кај нас и во соседството и во Европа и чекаме што поскоро отворање на границите за да можеме да испланираме макар кратка туристичка сезона летово.

Некои земји најавуваат дека ќе ја отвораат туристичката сезона, па од твое искуство, како мислиш оваа лето да се оди на одмор?

– Хрватска го направи првиот чекор ги отвори границите но тоа не е доволно треба сите балкански земји да ги отворат границите да ги објават регулативните препораки како би се одвивала сезоната колку и како ќе се запазува социјалната дистанца колку проценти ќе можат хотелите да примаат гости, дали ќе може да се оди во приватно сметување , авто- кампови сл.

Грција и Турција воведоа некои правила, српските туристички агенции добиле некакво известување за новите правила, има ли кај нас стасано некој допис, да речеме од Турција, бидејќи ти најмногу работиш  со турското крајбрежје?

-Дописот до српските туристички агенции во врска со летувањето во Турција е тотална невистина, тие имаат проблем со нивните партнер агенции коишто не сакаат да им ги вратат предвреме платените пари и сега им измислуваат правила коишто воопшто не кореспондираат со вистината. Турското Министерство за туризам планира во првата фаза да ги отвори хотелите на крајбрежјето од  15 јуни за домашните туристи со строги правила и сертификати за хотелите, додека за странски туристи се уште МНР  и лекарскиот конзилиум на Република Турција се нема произнесено дека пред август би било отворено крајбрежјето за странски туристи било српски или македонски. Ситуацијата со Грција е сосема различна. За да нашите туристи патуваат во Грција треба нашето МНР да го контактира грчкото МНР и да договорат протокол за отворање на границите се надевам од 01.07, бидејќи досега Грција има ваков протокол со Бугарија, Кипар и Израел. Друг момент е тоа што се уште грчките хотелиери не се сигурни дали ќе ги отворат хотелите следствено на ситуацијата во Европа и донесената одлука на министрите за туризам на Европската Унија до 15.06 да не се отвораат границите, а со тоа и немањето авио летови од  Европските земји кон Грција.

Целото интервју проследете го на, ММС
https://mms.mk/

Слични написи

Leave a Comment