Кога е вистинскиот момент да го продадете вашиот бизнис. ?

by Goran Damcevski

Имајќи ги предвид предизвиците со кој сте се сретнале при започнување на вашиот бизнис, малку е веројатно дека едноставно можете да се откажете од него, бидејќи е  резултат на многу години напорна работа.

Но, продажба на бизнисот не мора да значи дека ќе биде погрешна одлука и дека вие ќе загубите.

Одлуката за продавање на вашиот бизнис, без разлика дали е профитабилен или не, во суштина претставува голем предизвик, но, секако може да биде и паметен потег.

Не бидете и вие како многу сопственици на бизниси кои размислуваат за продажба премногу долго.

ИНДИКАТОРИ ПРЕКУ КОИ ЌЕ ПРОЦЕНИТЕ ДАЛИ Е ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ ЗА ДА ГО ПРОДАВИТЕ ВАШИОТ БИЗНИС.

Вашиот бизнис работи слабо.

Долгот е клучен фактор. Дали вашиот бизнис запаѓа подлабоко во долгови секој месец?
Ако позајмувате пари постојано за да го одржите бизнисот во живот, време е да барате други алтернативи.

Во повеќето бизниси, кога тековните обврски стануваат повеќе од 200% од тековните средства, премногу е тешко бизнисот да се води нормално.

Изнаоѓање на купувач со ресурси кои можат да внесe проток на пари може да биде токму она што му треба на вашиот бизнис за да можете да го одржите во живот.

Размислете да се соедините со поголема компанија или да го понудите бизнисот на стратешки купувач-партнер. Ова може да ги реши вашите проблеми со вработените, финансирањето на развојот или да покриете друг вид на трошоци.

Не одложувајте, со тоа му дозволувате на бизнисот да снема пари и да пропадне.

Вашата страст кон бизнисот почнува да згаснува.

Ако сте биле успешни во минатото, но сега немате нови идеи за вашиот бизнис, можеби е време да размислувате за продажба.
Не дозволувајте да ја  загубите љубовта кон вашата работа.

Одговорете си на овие пет прашања за да видите дали вашиот сон ви станал поголем товар:

        1. Дали сте страствен во овој бизнисот?
        2. Дали имате нешто друго што попрво би го работеле?
        3. Дали работите повеќе отколку што би сакале?
        4. Дали вашиот бизнис модел е нефункционален?
        5. Дали едноставно ви треба одмор?

Врз основа на вашите одговори, треба да бидете во можност да ги одредите вашите следни чекори, без разлика дали станува збор за кратка пауза, реструктуирање на вашата компанија или продажба.

Дали сте приморани да го продадете вашиот бизнис.

Понекогаш постојат ситуации како што се развод, смрт или раскинување на партнерство кои можат да ве принудат на продажба. Во вакви ситуации, треба да сторите се, за да обезбедите што е можно поповолна ситуација. Со оглед на она во што се наоѓате.

Понуда што не се одбива.

Можеби не сте планирале да го продадете вашиот бизнис, но понудата е толку добра што едноставно не можете да ја одбиете. Одвојте време да извршите соодветна анализа и да бидете сигурни дека договорот е толку добар како што изгледа.

Бизнисот е профитабилен.

Купувачите ги привлекуваат бизниси кој постојано го зголемувате профитот и имаат трендови на зголемена продажба, особено ако ова трае најмалку во период од три години.
Ако Евалуацијата на вашиот бизнис е солидна, можеби е вистинско време да размислувата за добра продажбаа.

Одлуката да ја продадете вашата компанија е сериозна работа и процесот не се одвива брзо. Обично е потребно помеѓу шест месеци и една година да се продаде бизнис. Поради ова треба да започнете со планирање многу порано.

Многу претприемачи тешко се одлучуваат да го продадат сопствениот бизнис.

Поради сензитивноста на овие одлуки бидете внимателни и имајте на ум дека, само вие можете да одлучите дали е сега вистинското време да го сторат тоа.

следува,

КАКО ВАШИОТ БИЗНИС ДА ГО ДОНЕСЕТЕ ВО ТОП ФОРМА ЗА ПРОДАЖБА

 

 

                 Консултации и информации.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

[avatar size=”50 x 50″ align=”center” /]

Goran Damcevski :
Hospitality Managing Consultant
Certified Trainer & Coach

Слични написи

Leave a Comment