Kадровско oдделение (HR)

by Goran Damcevski

Кадровското одделение или познато како (Human Resources) е најважниот оддел во хотелското работење. Независно од тоа во која категорија спаѓа вашиот хотел, колку имате вложено во него или со каква опрема располага,  вашиот хотел се вработените кои што ја нудат хотелската услуга, независно дали се вработени во ресторанот или пак во барот. Сите тие имаат директен контакт со гостинот и го претставуваат вашиот хотел.

Кадровското одделение е задолжено да спроведе контрола на сите работни процедури  и стандарди и директно да изреагира доколку е потребно. Овој сектор е задолжен да го оцени секој вработен за квалитетот на услугата и квалитет на комуницирање со секој гостин доколку таа не ги задоволи очекувањата на менаџерите. Кадровското одделение треба да одржи тренинзи за да се подобри квалитетот на услугата, затоа овој сектор треба да направи анализи за тоа какви тренинзи се неопходни и во кој момент истите ќе се одржат. Во одредени хотели каде што не постои кадровско одделение можете да најдете фирма која што нуди тренинзи од ваков карактер за да го зголемите квалитетот на вашата услуга.


За повеќе информации и консултации обратете се на:

Слични написи