Граѓаните ќе бидат безбедни во угостителските објекти кои се подготвени да ги пречекаат

by goran

Туристичко-угостителската комора презема иницијатива за заживување на секторот и сите поврзани дејности, како и на економијата во целост. Комората започна кампања за спас секторот угостителство и туризам и на работните места поради големите загуби кој ги претрпи.

Угостителските објекти и под строги мерки за заштита од корона вирусот се подготвени да започнат со работа само да им се дозволи да работат со поголем капацитет и подолго работно време, истакна Мартин Ангеловски потпретседател на Туристичко-угостителската комора при ССК. Комората денеска претстави сет мерки за реализација на кампањата која се очекува да даде сериозна поддршка на секторот преку воспоставување на нови стандарди за работа за долгорочно подобрување и унапредување на секторот.

-Угостителите покажаа свесност и подготвеност да работат со полно работно време при што ќе обезбедат највисоки безбедносни стандарди за секторот да работи сигурно. При тоа ќе се применуваат соодветни мерки за заштита на вработените и гостите. Граѓаните ќе бидат безбедни во објектот во кој ќе има соодветна дистанца и највисоки стандарди на хигиена, изјави Ангеловски.

повеќе информации на  www.vecer.press

Слични написи

Leave a Comment