Ефективен состанок на добар менаџер на ресторан

by goran

Во исполнувањето на вашата задача за водење на првокласаен ресторан, за кој нема да имате конкуренција, размислте најпрво како комуницирате и на кој начин го информирате вашиот тим за промените во вашиот бизнис. Давајќи им практични и корисни совети, ќе дојдете до одлични резултати. Во денешниот брз начин на живеење, многу е важна секоја минута од угостителската услуга. Затоа организацијата и спроведувањето на ефективни состаноци со вработените, односно менаџирањето, треба да биде приоритет во секој ресторан.

Еве неколку клучни елементи во процесот: 

Цел

  • Што сакате да постигнете?
    Бидете сигурни дека се фокусирате на клучните резултати за вашиот ресторан. Сега, пред да биде доцна!
  • Колку често и колку време ви е потребно да го соберете вашиот тим?
    Запомнете дека секој час додека е отворен ресторанот и имате гости, тие го оценуваат вашето искуство. За квалитетно менаџирање, препорачливо е најмалку 1 час во неделата да одржувате состанок на кој ќе ги распределите правилно обврските околу работењето на ресторанот.
  • Кој присуствува?
    Ако ви е потребно секој вработен да е присутен, направете соодветен распоред. Имајте предвид дека некои од нив можеби имаат слободен ден.
  • Дефинирајте ги клучните теми и проблеми за кои ќе се дискутира, однапред. Ако се однесувате како да ви е сеедно и немате агенда, тоа ќе се се сфати како недостаток на лидерство.
  • Вашите состаноци нека бидат динамични и интересни. Сите сме присуствувале на состаноци кои се “доооосадни” и кои едвај чекаме да завршат. Прашајте ги менаџерите и присутните за нивно мислење. Со тоа тие ќе дадат допринос, а вие ќе спроведете добар работен состанок. Но, имајте ги на ум и нивните одговори.

Содржина

Зборуваме за ефективни менаџерски состаноци кои влијаат на нормалното работење на рестораните и баровите, затоа ќе се задржиме на основата.
Никогаш нема да имате непријатности доколку обрнете внимание на следното:

  • ПРОДАЖБА: Дали ги постигнувате планираните и очекуваните нивоа на продажба? Ако се надминати очекувањата од продажбата, како реагирате на зголемувањето на обемот?
  • ПРОФИТ: Осврнете се на клучните области (бруто добивка од храна и пијалоци, вложен труд и сите останати важни трошоци на кои се фокусирате)
  • ЛУЃЕ: Не можете да победите без добар тим. Истакнете ги победниците, но и оние кои имаат потреба од дополнителен тренинг.

Стратегија

  • Овие состаноци се одлични за учење на нови работи. Кога лидерот ќе продолжи да говори за тоа што е важно и како тимот да постигне успех, ќе ја нагласи критичката важност на клучните тактики и цели.
  • Лидерот треба да ги вклучи сите вреботени да учествуваат на состаноците и тие да го кажат нивното гледиште за работењето. Отвореноста, без страв од одмазада за слободното говорење околу дадените теми, не треба да доведе никого во непријатности.
  • Со време, вреботените треба да покажат самоиницијатива која би влијаела позитивно на профитот, продажбата и сл. Ова му дава способност на лидерот да го види степенот на развој кај тимот.

Без разлика колку често се состанува Вашот тим, Вие како лидер треба да ја знаете важноста на клучните работи на ресторанот. Следете ги вработените во извршувањето на задачите, фокусирајте се на решавање на тековните проблеми, соодветна доедукација и усовршување на вештините на Вашите вработени и сигурно ги добиете очекуваните резултати.


Regent Group
Hospitality Consulting

02 3119615  |  070267087  |  070217058
[email protected]
www.regent.mk

Слични написи