Државата со 16 милиони евра ќе го поддржи домашниот туризам, штетите најголеми во хотелско-угостителскиот сектор

by Goran Damcevski

Во третиот економски пакет, предвидени се над 16 милиони евра, односно на над 100 илјади граѓани ќе им се доделат ваучери, со цел да ги искористат во категоризираните хотели но и во приватни капацитети категоризирани во склоп на општините, со што ќе се поттикне потрошувачката, ќе се подржи овој многу важен сектор за економијата во нашата држава. Ова денеска во Струга го изјави министерот за економија Крешник Бектеши, на состанокот со претставниците на Хотелска асоцијација на Македонија (ХОТАМ ) и градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко. Тој ги презентираше владините мерки за поддршка на туризмот од последниот пакет и ги слушна барањата и мислењата на туристичките работници за тоа како побрзо да се рестартира овој сектор.

Како министерство за економија и како Влада, продолжуваме посветено да работиме и да се координираме со сите засегнати страни во секторот туризам, се со цел заеднички да го надминиме со што помал ризик ова здравствена но секако и социо економска криза. – рече Бектеши.

Министерот ги информираше туристичките работници дека во Третиот пакет мерки кој го донесе Владата предвидени се ваучери за домашен туризам од 100 евра и домашна платежна картичка од 50 евра. Со оваа мерка како што потенцираше Бектеши се опфатени сите вработени граѓани што примаат плата помала од 15.000 нето месечно и немаат други приходи. Како што кажа Бектеши ваучерот може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, додека со платежната картица поттикнуваме купување на домашни производи и услуги. Toj најави дека веќе наредна недела очекува да биде готова првичната драфт верзија на јавниот повик за оваа сезона.

Претседателот на ХОТАМ, Крсте Блажески, истакна дека загубите во туристичкиот сектор се големи, посебно во хотелско-угостителскиот дел, но исто така и во ресторанскиот дел.

Мораме сето ова да го надминеме заеднички и да продолжиме понатаму. Земјите од регионот веќе полека почнуваат да се отвараат, се надевам дека и нашите стручни служби ќе излезат со препорака за отварање на сезоната, дека оваа пандемија за брзо време ќе заврши а ние ќе можеме да функционираме нормално. – рече Блажески.

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, посакува што поскоро враќање во нормала на турстичкиот сектор, посета од домашните гости, а секако добредојдени се и странските туристи, додаде тој.

Инаку, туризмот денеака беше тема и на академските онлајн дијалози, наречени „Корона дијалози“, што ги организира Универзитетот во Битола, со учество на еминентни професори и експерти од Факултетот за туризам во Охрид. Целта е вклучување на академската заедница во креирањето на јавните политики во различните области.

Извор,  OHRID NEWS

Слични написи

Leave a Comment