Додека чекаат знак за да отворат, кафеанџиите тргнаа во потрага по келнери

by Goran Damcevski


Келнер е трето по ред најбарано замимање, а стогите протоколи за одржување и дезинфекција на работните простории за заштита од коронавирусот при врвот, на второ место ги стави хигиеничарите. Се уште најмногу работници се бараат за во трговијата

Во очекување на одлука на Владата за отворање на угостителските објекти, што, според некои информации, ќе се случи уште неделава, кафеанџиите се во потрага по келнери.

Нема точни податоци колку лица со вакво занимање останаа без работа поради тоа што уште при првиот бран на кризата угостителите беа на удар, но сега токму келнерите се трети најбарани работници во државата според објавените огласи за вработување. На веб-страницата на Агенцијата за вработување во текот на вчерашниот ден беа објавени нешто околу 5.800 слободни работни места, а 230 од нив се за келнери.

Инаку, работодавците од овој сектор кои уште во март отпуштија работници кога поради заштитните мерки од коронавирусот мораа да ги затворат објектите, сега имаат можност повторно да ги вратат на работа и од државата да добијат по 14.500 денари за нивните плати за два месеца. Исто така, како први погодени од кризата можат оваа помош да ја комбинираат и со мерката преку која државата плаќа половина од придонесите за работниците.

Од крајот на минатата недела во живот полека почна да се враќа и трговијата. Се отворија моловите, а муштерии примија и малите бутици. Во овој сектор се бараат најмногу работници. Со огласите што ги објави Агенцијата за вработување трговците сакаат да пополнат близу 600 работни места за продавачи.

Вкупниот број на огласени слободни работни места сè уште е преполовен во однос на периодот пред кризата, но има побарувачка за голем број занимања. Се бараат околу 400 хигиеничари за производствени, работн, деловни и станбени простории. Овие работници избија при врвот на најбарани со оглед на тоа што сега има строги протоколи за одржување на хигиената во работните простории за заштита од коронавирусот, а се практикуваат и во домовите.

Во актуелната понуда има уште огласи за вработување возачи, таксисти, програмери, шивачи, општи работници, готвачи, чувари, градежници и други, но во помал број.

Околу 3.500 од огласените работни места се во Скопје, следи Тетово над 500, па Гевгелија со 300. Во Кратово и Свети Николе не е огласено ниту едно слободно работно место, а по еден работник се бара во берово, Демир Хисар, Крушево и Дебар.

Извор, ВЕЧЕР

Слични написи

Leave a Comment