Дали сте знаеле ? факти за хотелите

by Goran Damcevski

5 ПИОНЕРИ ВО ХОТЕЛИЕРСТВОТО

Дали некогаш сте размислувале за тоа каде и кога за прв пат било воведено она што денеска го сметаме дека е основен стандард за хотелските соби ?
Од минибарот преку менито, можност за избор на перница по желба, па сè до батлерот, кој ќе му биде достапен на гостинот 24 часа. Денешните хотели успеаја да го претворат скоро секое угодување и мало задоволство во задолжителен стандард. Но, тоа не било од секогаш така.
И не толку одамна, малите шишенца со шампон, едноставно не постоеја, како што не постоеја  ни паметни соби или други технологии.

На сето ова, вратата ја отворија пред повеќе од сто години  хотелските пионери, кои гледаа далеку понапред, се осмелија да одат чекор понапред, дозволувајќи им на гостите едноставно да очекуваат и да бараат повеќе.

Ова се хотелите кои први воведоа необични работи.

Послужување во соба. „The Waldorf Astoria“, New York
Иако Валдорф Асторија е познат по многуте иновации во хотелската индустрија, воведувањето на послужувањето во собите во раните 1930-ти се сметаше за револуционерно.
Новитетот на 24-часовната услуга брзо стана хит меѓу гостите и не требаше долго за тоа да стане дел од понудата во другите хотели низ целиот свет.

Бања во собатата, „The Goring Hotel“, London
Овој хотел се уште се смета за еден од најлуксузните во светот, но во времето кога штотуку беше отворен, во 1920 година, хотелот се пофали со тоа дека секоја соба има своја бања, што дотогаш никогаш не било видено во ниту еден сместувачки објект.

Сапун и шампон во бањата. „Four Seasons“, London
Ако еден гостин заборавил сапун или шампон пред 1970 година, едноставно му немало помош. Сепак, лондонските „Четири сезони“ го препознале овој проблем и го претвориле во  услуга и со тоа станале првиот хотел што понудил сапун и шампон, иако тие не биле пакувани во шишињата како што ги познаваме денес. Наместо во шишенца тие биле во пластични кеси.

Радио во секоја соба. „Boston Park Plaza“, Boston
Кога се отворил во 1927 година, бил првиот хотел кој имал радио во секоја соба. Ова бил голем чекор бидејќи во тоа време сите вести, забавни емисии и музика биле достапни исклучиво преку радио, а дури по неколку години подоцна, секое трето семејство во Америка имале радио приемник.

Mини бар во секоја соба. „Hilton Hong Kong“, Hong Kong
За гостите со потенок паричник, а кои сакале пијалок во соба, решението дошло од страна на директорот на Хилтон кој до идејата дошол  во 1974 година.Тој поставил мини барови во сите 840 соби на хотелот и ги наполнил со високо квалитетни пијалоци. Првите мини барови биле произведени уште во 60-тите години од компанијата, Siegas.
Според Хилтон, поставувањето на мини барот ја зголеми продажбата на пијалоци во собите за 500%, а годишниот приход на компанијата за 5%.

 

 

Слични написи

Leave a Comment