Дали ќе биде потребна нова категоризација на хотелите?

by Goran Damcevski

Пандемијата „Ковид-19“ најтешко го погоди туристичкиот сектор. Закрепнувањето може да се смета завршено само кога ќе се пронајде вакцина / лек, а ќе бидат потребни веројатно 2-3 години, ако не и подолго, за да се врати глобаленот тренд на туризмот. Едно е сигурно, туризмот ќе биде различен и ќе помине низ неколку различити фази.

Првата фаза е додека не се најде вакцина, втората фаза ќе биде закрепнувањето од ситуацијата, а по неколку години ќе започне стабилизацијата или враќањето на туризмот, но да се надеваме со нови одржливи и здрави темели. Попаметни, пооддржливи, поздрави и похумани. Или Туризам 2.0 – што и да значи тоа.

Во првата фаза, додека не се најде вакцината, ќе има туризам, што е контрадикторно само по себе, полн со разни ограничувања, избегнување гужви и без контакти и интеракција со домаќините и со останите гости.

Согласно на измените што ќе мора да се направат за организирање на туристичките активности веројатно дека ќе следува и нова категоризација на хотелите, како и усогласување на сите други стандарди во хотелскиот бизнис. Можеме да предвидиме, да претпоставиме и да добиеме некои рамки, но во моментов никој не знае точно како ќе работат хотелите и какви измени би имало со новата категоризација.

Да видиме каква е моменталната ситуација, Владата на Република Македонија  донесе одлука дека во наредниот период ќе следи олабавување на мерките, ќе биде дозволено да работат угостителски објекти и сместувачките капацитети.

Интересно е што формално хотелите немаат забрана за работа, но секако во ситуација кога туризмот запре и сите се во самоизолација, логично е хотелите да бидат затворени затоа што немаат за кого да работат.

Генерално ако ги разгледаме измените што ќе се имплементираат, хотелите и не би требало да направат многу големи измени во делот на санитарноста со оглед на постоечките стандарди што тие и сега секојдневно ги прават.

Ако тргнеме од рецепција, таа не треба да има поголеми промени освен растојанието (социјално растојание), но целиот процес може да се дигитализира и преку самостојна проверка (селф чек) гостинот нема да треба класично да се пријавува, односно нетреба да направи (чек ин), бидејќи ќе може собата да ја отклучи со мобилен телефон или преку хотелска апликација.

Некои од главните предизвици секако ќе биде функционирањето на ресторанот.

Шведдката маса повеќе изгледа нема да биде опција и се очекуваат значителни промени во оваа област. Се поставува прашањето какви мерки ќе треба да се превземат и како ќе функционира употребата на хотелските базени, што претставува едно од критичните места, т.е. места каде што гостите се собираат во поголем број.

Дефинитивно плажите, лежалките како и опремата покрај базенот ќе треба да се дезинфицира. Фитнес-салите, лифтовите, конгресните сали, држачите за скали се исто така некои од критичните места исто така ќе треба постојано да се дезинфицираат.

Но, какви мерки ќе бидат предложени од старната на епидемиолозите останува да видиме.

Како и да е, едно е сигурно, хотелиерите ќе отпочнат со работа, но хотелскиот бизнис го очекуваат многу предизвици и затоа ќе биде потребно хотелите да направат едуцирани тимови за да можат соодветно да се справат со истите.

ЗА ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ И КОНСУЛТАЦИИ ВО ВРСКА СО ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ХОТЕЛСКИТЕ СТАНДАРДИ:

 

Слични написи

Leave a Comment