,,Airbnb отпушта 25% од вработените”

by Goran Damcevski

Според Airbnb, компанијата ќе отпушти скоро 1.900 луѓе од вкупно 7.500 вработени ширум светот, според CNN Business.

Интернет-платформата за изнајмување и сместување на туристи, „Airbnb“ ќе отпушти околу 25 проценти од работната сила, бидејќи пандемијата ја нокаутира туристичката индустрија и го доведе во прашање основниот бизнис на компанијата.

Колективно, минуваме низ најтешката криза во нашите животи и како што се развиваше кризата глобалното патување дојде до застој, се вели во писмото до вработените на извршниот директор и ко-основач на „Airbnb“, Брајан Чески.

Тој додаде дека работењето на „Airbnb“ е „погодено“ и дека се очекува приходот оваа година да биде преполовен во однос на  2019 година.

Според CNN, „Airbnb“ исто така, ги одложи плановите за излегување на Вол Стрит оваа година.

Компанијата соопшти дека ќе им плаќа здравствено осигурување на вработените во Соединетите држави во наредните 12 месеци, почнувајќи од мај, додека во другите земји  овие трошоци за вработените ќе бидат покриени само до крајот на оваа година.

Угостителство


Слични написи

Leave a Comment