Кои беа најдобрите хотели во Македонија ?

by goran

„Македонијатурист“ втора година по ред не е најголема хотелиерска компанија според остварен приход. Нејзиниот конкурент „Хотел Гранд М“ со само еден хотел две години по ред прави поголем приход од петте хотели на „Македонијатурист“. Од големите скопски хотели успешно работеа: „Караорман“, „Солун“ и „Орка“ (Ибис н.з.), а тешки години имаа „Хотел Русија“ и „Хотел Парк“. На охридската ривиера неприкосновен останува комплексот Хотели Метропол иако добро држат Инекс Дрим, Хотел Филип, Гранит и Силекс

„Македонијатурист“ е најпрофитабилната хотелиерска компанија, а „Мериот Скопје“ е хотел со убедливо најголем приход лани. Во Македонија лани, од досега достапни податоци, 16 хотели односно хотелиерски компании оствариле приходи поголеми од еден милион евра, а 12 од нив годината ја завршиле со добивка, ова е сижето на истражување на „Фактор“ врз основа на официјални податоци од ЦРМ за работењето на хотелерските компании во земјава лани.

„Хотел Гранд М“ скопската компанија која управува со „Мериот хотел Скопје“ мината година е најголемата хотелиерска компанија во земјава според остварените приходи. Овој популарен хотел во епицентарот на главниот град лани остварил приходи во висина од 7,5 милиони евра. Неговите приходи лани во однос на 2018 година бележат раст од 9 отсто. Оваа компанија втора година по ред е најголема хотелиерска компанија според остварените приходи. Лани за разлика од 2018 година оваа компанија годината за завршила со добивка од 71.000 евра. Компанијата „Хотел Гранд М“ е компанија во партнерска сопственост на две фирми: „Дивелоп Груп“ и „Бест Веј инвестмент“. Значајно е да се истакне дека „Мериот Хотел“ втора година по ред сам прави поголеми приходи од петте хотели заедно со кои управува најголемиот конкурент „Македонијатурист“ („Холидеј Инн“ и „Бест Вестерн Хотел Турист“ (двата во центарот на Скопје), Хотел „Карпош“, Хотел „Белви“ и „Водно“)

„Македонијатурист“ лани оствари приходи од 6 милиони евра што е на ниво од 2018 година. Добивката на компанијата изнесува 1,7 милиони евра и тоа е за 5 отсто послабо од 2018 година. Многу е значајно да се истакне дека „Македонијатурист“ од дејноста лани оствари оперативна добивка од околу 1 милион евра. Останатите 700.000 евра се од вложувања во депозити и од хартии од вредност. „Македонијатурист“ планира годинава да го реновира комплетно својот најзначен бренд „Холидеј Ин“ во што би требал да вложи 5 милиони евра. Веројанто реновирањето е одлука врз која свое влијание има и превземањето на приматот од страна страна на „Мериот“. „Македонијатурист“ лани во своите хотели угостила 13 отсто од сите гости од земјава и странство кои го посетиле и ноќевале во Скопје (13 отсто од сите ноќевања за 2019 година).

„Хотели Метропол Охрид“ и „Паркленд Груп“ се хотелиерските компании кои лани остварија приходи од по 3,5 милиони евра. Најголемата охридска хотелиерска компанија лани оствари профит од 614.000 евра и имаше солидна година затоа што добивката и порасна за 24 отсто во однос на 2018 година. Оваа охридска компанија во сопственост има три големи хотели на охридската ривиера, а нејзина доминантен сопственик е групацијата „Фершпед“.

„Паркленд Груп“ е компанијата што го поседува ексклузивниот нов хотел во скопскиот градски парк во непосредна близина на националната фудбалска арена „Тоше Проески“. Хотел Парк е сопственост на „Гемак Трејд“ компанија сопственост на бизнисменот Енвер Малиќи. Приходот на „Хотел Парк“ лани изнесува 3,55 милиони евра и во споредба со 2018 година е поголем за 5 отсто. Компанијата ланската година ја завршила со загуба од 1,3 милиони евра што е за 15 отсто подобар резултат од 2018 година кога загубата била поголема.

Како работеа конкурентите на охридско-струшката ривиера?

Најголеми конкуренти на „Метропол“ се хотелските компании „Хотел Филип“ “Инекс Дрим“ од Струга. Охридскиот хотел лани остварил приход од 2,5 милиони евра што е пад за 8 отсто, а добивката се намалила за 15 отсто и изнесува 225.000 евра. И струшкиот хотел лани има значаен пад на профитот во однос на 2018 година. Добивката лани е 197.000 евра и е за 57 отсто пониска од 2018 година. Приходите на „Инекс Дрим“ лани изнесуваат 2,6 милиони евра.

Во оваа конкуренција на охридската ривиера е и Хотел Гранит. Неговиот приход лани изнесува 1,2 милиони евра идобивката е 100.000 евра.

Кој беше подобар од големите хотел-казина на грчката граница кај Гевгелија?

Корона Интернационал компанијата што стопанисува со Хотел Аполонија кај Гевгелија (на македонско-грчката граница) имала тешка година. Нејзините приходи паднале за 40 отсто и изнесувале 2,9 милиони евра. Годината ја завршила со загуба од 14.000 евра.

Другата гевгелиска хотелиерска компанија која стопанисува хотел и казино на границата е Принцес Груп. Овој хотел лани ги зголемил приходите од продажба за 16 отсто и тие достигнале 2,75 милиони евра. Годината ја завршиле со пад на добивката од 10 отсто. Профитот на Принцес Груп лани изнесува 303.000 евра.

Во тој регион лани солиден резултат има и дојранскиот хотел ХИТ Интернационал сопственост на Киро Костовски и гевгелиската фирма Минт Клуб ИНТ. Хотелот го зголемил приходот за 6 пати во однос на 2018 година и тој изнесува 1 милион евра. Добивката лани била 60.000 евра.

 

подетално проследете на   Faktor.mk

Слични написи

Leave a Comment