Одржана видео-конференција на министрите за туризам на ЕУ

by Goran Damcevski

Денес, како дел од програмата на хрватското претседателство на Советот на Европската унија, се одржа видео конференција на министрите на земјите-членки на ЕУ, надлежни за туристичкиот сектор, со која претседаваше министерот Гари Капели.

На конференцијата се дискутираше за прашањата поврзани со пандемијата од COVID-19 и нејзините импликации врз туристичкиот сектор.

Министрите и високите официјални претставници од сите земји-членки на ЕУ и Европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон присуствуваа на видео конференцијата. На покана на хрватското претседателство, генералниот секретар на Светската туристичка организација (УНВТО) Зураб Пололикашашвили ги претстави иницијативите на UNWTO за активирање на туризмот.

Туристичкиот сектор доживеа остар  пад на побарувачката како резултат на појавата на пандемијата на коронавирусот. Нашата мисија како членки на Европската унија е, да бидеме, број еден туристички регион во светот, лидер во закрепнувањето на туризмот, која директно влијае на закрепнувањето на целата економија.

Туризмот претставува 10% од БДП на ЕУ и вработува вкупно скоро 12% од вработените во Европската унија. Покрај тоа, туризмот е четврта извозна категорија на Унијата, при што потрошувачката генерира приходи од над 400 милијарди евра. Поради овие причини, важно е да се поттикне создавање на заеднички решенија за кризата во туристичкиот сектор предизвикани од пандемијата на коронавирусот, но и да се создадат програми и планови за борба против слични закани во иднина.

Затоа сум особено задоволен бидејќи членовите на Европскиот совет минатата недела на состанокот  се согласија со идеата за формирање на фонд од кој средствата ќе се насочот во најтешко погодените сектори и географски делови на Европа и верувам дека, сите сме свесни дека туризмот дефинитивно спаѓа во категоријата најмногу погодени сектори во оваа криза.

– рече хрватскиот министер за туризам, Гари Капели, нагласувајќи дека мора да има заеднички план за управување со кризи, без оглед на индивидуалните планови во земјите на ЕУ.

Во своето воведно обраќање, министерот Капели истакна дека, досега односно пред доаѓањето на коронавирусот, повеќе од три четвртини на патувањата надвор од ЕУ биле направени од страна на земјите членки на ЕУ, во други земји-членки на ЕУ, или околу 94 проценти од вкупните ноќевања биле направени во земјите на ЕУ, вклучувајќи го и  и домашниот туризам.

Отворање на туристичкиот коридор

Покрај ова, на конференцијата се разговараше и за иницијативата за отворање туристички коридори меѓу државите, за што Капели истакна дека е исклучително важно епидемиолозите да бидат вклучени во целокупниот процес на договарањето за отворање на границите и за олеснување на движењата во туризмот.

Исто така тие ќе учествуваат во креирање критериуми и мерки за обезбедување на здравствена безбедност при патувањето на  туристите. „Оваа иницијатива бара поволна, односно слична, епидемиолошка слика за придружните земји, како и договор за целокупниот процес, прилагодена на сегашната состојба со коронавирусот“, рече Капели.

Секако, за можните туристички коридори ќе се преговара и билатерално помеѓу заинтересираните земји, а не на ниво на ЕУ, а главниот фактор тука ќе биде моменталната состојба  во секоја земја.

Министерот Капели исто така, истакна дека непосредно пред денешната конференција, тој добил Декларација за заеднички став од министрите за туризам на ЕУ од земјите-членки, кој повика на посилна поддршка за туризмот во Планот за опоравување на ЕУ и ја истакна важноста за воспоставување хомогени правила за сите форми на патување. „Мора да постои заеднички план за надминување на кризата, без оглед на индивидуалните планови во земјите на ЕУ“, истакна Капели.

Владите воведуваат мерки за спас на туризмот

Многу влади воведуваат мерки за спас на туризмот и за решавање на директните влијанија врз овој сектор и олеснување на закрепнувањето. Претставниците на земјите-членки се согласија дека е можно да се обидат да направат повеќе на покоординиран начин и дека поддршката за туризмот треба да биде еден од главните приоритети на Европскиот план за обновување на економијата.

Покрај тоа, министрите ја истакнаа важноста за наоѓање и усогласување на решенијата за договорот со пакетите, вклучително и ваучерите и се согласија дека има потреба да се соберат информации за преземените мерки за справување со кризата и да се споделат најдобрите практики во рамките на ЕУ.

Министерството за туризам,на Република Хрватска во својот план, има изработен проект, КРО-КАРТИЧКИ а воедно се прави и притисок на секторот за туризам  да воведе ваучери за целиот туристички сектор, како што е случајот со туристичките агенции. Секако, на ниво на ЕУ,  се чека брз одговор од ЕК за ова прашање.

Комесарот Бретон истакна дека мерките за итни случаи и ресурсите што ги дава Европската комисија треба да ги поддржат напорите на земјите-членки за одржување на стабилноста на краток и среден рок и ги повика земјите-членки да ги искористат целосните предности од нив и да обезбедат можности за работниците кои се најпогодено од сегашната состојба.

Потребни ни се дополнителни ресурси за да ја надминеме оваа криза. Ни треба „нов Маршалов план“ со силен буџет на ЕУ што ќе го забрза патот кон европско закрепнување и посилна и поотпорна унија. Прагматизмот, креативноста и брзата акција се исто така важни со цел да се опорави и да се изгради еластична и одржлива туристичка индустрија. Пред сè, оваа криза  бара солидарност, бидејќи ниту една земја не може сама да ја надмине оваа криза “, рече еврокомесарот за внатрешен пазар Тиери Бретон пред конференцијата.

Генералниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили, во оваа прилика се осврна на Упатството за управување со кризи на туризмот на UNWTO во контекст на СОВИД-19 и ја повика Европската комисија да му даде приоритет на туризмот според планот за обновување на ЕУ.

извор: hrturizam.hr

Слични написи

Leave a Comment