Изразот Дифузен хотел (англ: ,,scattered hotel’’) настанал ви Италија на почетокот на 80-те години во покраината Friuli, по настанатиот земјотрес во фазата на реконструкција и реновирање, дошло до идеја за нова туристичка понуда, за потоа во 1989 година во проектот на општината ,,San Leo u Montefeltu’’ а се повтори истата идеја.
Целта на овој вид на туристичка понуда било да се постигне поголема гостопримливос од страна на домаќините ( хотелиерите) на еден невообичаен начин на сместување. Со овој тип на хотели се воведува можноста повеќе објекти кои не се на исто место, а сепак се во близина да влезат под капата на единствен хотелски бренд.
Дифузните хотели им нудат на своите гости да престојуваат во засебни сместувачки единици, соби, апартмани или куќи кои како што рековме не се наоѓаат по еден покрив. Секоја сместувачка единица притоа може да бие различно уредена и со различни мотиви, со што ќе се разликува од останатите.
Она што им е е заедничко на сместувачките единици од ваков вид на хотели е рецепцијата, односно делот за прием на гости, воедно тоа е и местото од каде се управува со целиот сместувачки капаците-хотелот.
Што се однесува до Дифузните хотеливо во Македонија, тие се уште се непозната категорија односно истите ги нема во нашиот правилник за категоризација на хотелските објекти. Не пратењето на Европските и светските трендови во хотелиерството значително го отежнува работењето на хотелскиот бизнис во Македонија.
Ваквите хотели не се воведени во Македонија, со што на одреден начин се ограничува инвентивноста и креацијата на инвеститорите, која по правило е потикната од потребите на новата генерација на туристи, односно хотелските гости.
За споредба, во Италија постајат околу 60 Дифузни хотели, во Хрватска градбата на ваквиот вид на хотели зема се поголем замав и истите се ставени како новитет во нивната стратегија за развој на туризмот до 2020 година.
Со вовеување на Дифузните хотели несомнено е дека кај приватните издавачи на смествачки капацитети ќе се влијае и тие да ги подигнат стандардите на нивните услуги за сместување.
И на крајот сакаме да напоменеме дека, иако Дифузните хотели се составени од повеќе единици за престој сепак сите се категоризирани во иста категорија и во сите објекти се испорачува исти квалитет на услуга.
Се надевме дека наскора и кај нас Министерството за економија ќе направи измени во законската регулатива и ќе го воведе овој тип на хотели.
Текстот е спонзориран од,
Regent Hospitality Consulting 02 31 19 615 ; 070 217 058
Совети и помош во хотелското работење.
угостителство.мк