ПРЕДОТВОРАЊЕ НА ХОТЕЛСКИ ОБЈЕКТ

by Goran Damcevski

Фазата на предотварање или “Pre-opening” е клучна е за секој нов хотел. Во зависност од типот на хотелот и неговата големина, таа може да трае од 12-18 месеци за средни и од 6-9 месеци за хотели до 50 соби.

Во фазата на предотварање се подесуваат сите механизми кои подоцна треба без никакви проблеми да функционираат како една целина. Доколку овде се направи грешка подоцна хотелот ќе има последици во работењето, а тие често можат да бидат и од големи размери.

Оваа фаза започнува тивко кога хотелот е се уште во градба. Често сопствениците не ја разбираат важноста на оваа фазаза успешен старт на хотелоските објекти. Во моментот кога хотелот се отвора и кога последните мајстори си одат од објектот, веќе треба да има резервации и првите гости треба да пристигнуваат. Хотелите не се отвораат кага се 100% готови, ситните доработки се завршуваат кога хотелот веќе отпочне со работа.

Поентата на фазата на предотварање е да не се губи многу време, бидејќи во хотелот се вложуваат големи средства и тој треба што е можно поскоро да се најде на пазарот. Поради тоа постојат други фази, како што е “Post-opening” фаза (3-6 месеци) и во која се завршуваат најситните заостанати работи.

Фазата на предотварање ја отвора генералниот менаџер на хотелот со неговиот тим, или во соработка со некоја консултантска компанија или пак менаџер за предотварање.

Во оваа фаза прво се врши регрутација и вработување и тоа по следниот редослед: Прво се вработува менаџментот од високо ниво или т.н. топ менаџмент (менаџер за продажба, маркетинг и финансии), а потоа вработените во F&B и оддел соби.

Во оваа фаза се прави и организацискиот скелет на хотелот, кој веќе постои во бизнис планот на хотелскиот објект, но сега веќе добива финален облик. Откако е донесен топ-менаџментот, почнува да се формира и кадровото одделение, кое постепено го регрутира останатиот дел од менаџерскиот тим, и тоа од одозгора надолу.

Кога станува збор за маркетингот и продажбата, во оваа фаза се изработува маркетиншкиот план, од самата филозофија на работењето и политиката на цените до каналите на дистрибуција преку кои ќе се дојде потенцијалните гости.

Додека маркетингот се фокусира на својте планирања, тимот кој ќе работи со собите ја одредува категоризацијата, што е многу битно за да може продажната служба да знае со што располага и што продава. Се дефинира бројот на собите, нивниот стандард, можностите за прилагодување со одредени ситуации, за да може накрајот да се формираат деловните понуди и маркетиншки да може да се направи промоција.

Паралелно со ова тимот на F&B се занимава со својот дел на работењето, организација на кујната со ресторанскиот дел и баровите во хотелот, како и со, можеби најбитниот сегмент, салите за конференции, со нивниот капацитет и со тоа кој е најдобриот начин на нивна експлоатација. Освен ова се прави и стратегија за поврзување на конгресните сали со одделот за соби.

Доколку хотелот е во склоп на некој ланец или има идеја тоа да стане се имплементираат нивните стандарди, а доколку е независен хотел тогаш се дефинираат сопствени стандарди.

По дефинирањето на стандардите се припрема документацијата за категоризација, а воедно и концептот за санитарност, бидејќи следи доаѓање на голем број на инспекциски служби.

Откако ќе се регрутира топ-менаџментот се преминува на следното ниво, регрутација на менџмент од средно ниво.

Оваа фаза почнува 3 месеци по започнувањето на фазата на предотварање. Во овој период се започнува со разработка на оперативата и на програмите за едукација и обука на персоналот.

Во овој период се повеќе се навлегува во детали, бирање на инвентар, во кој правец ќе оди кујната, што ќе се работи во барот, какви настани ќе се организираат, за кои активности ќе се специјализира хотелот, се брендира хотелот, се одредуваат униформите и тн.

Во фазата на предотварање перманентно присуствува GM и има интензивна комуникација со компанијата што ја имплементира оваа фаза. Последните 4-6 недели се клучни во тој период сите работи се завршуваат и се припрема хотелот за големото отворање.

Слични написи

Leave a Comment