Дали сте спремни за новата сезона?

by ugostitelstvo.mk

Новата сезона е скоро пристигната, но дали сте подготвени да ги задоволите сите потреби на вашите гости? Желбите на гостите се менуваат од сезона во сезона, што ја тера хотелската индустрија да биде во постојана работна динамика. Направете проактивен пристап кон почетокот на сезоната и креирајте соодветен план за вашиот маркетинг, вашите вработени и вашиот објект.

 

Направете летен маркетинг план

Врз основа на анализата за гостите кои треба да дојдат во хотелот, имајте предвид за што би можеле вашите гости да бидат заинтересирани.

Секоја година се оддржуваат голем број на настани на почетокот на летната сезона кои претставуваат голема забава за странските гости. Промоцијата на овие настани би била од голема помош за покажување на вашите гости дека се грижите за нивното задоволство.
Наш совет е да направите листа на настани која ќе ја објавите на вашата веб страна. На тој начин, гостите секогаш ќе знаат дали го планираат нивното патување во висока сезона.

Подготовка на вашите вработени

Во пречек на летната сезона, секој хотел би сакал да има вработени кои се подготвени и мотивирани за работата која следи. Воведете кратки состаноци на почетокот на секоја смена со цел да ги правилно да ги посочите вработените кон справување со предизвиците во текот на работното време. Бидејќи високата сезона подразбира и дополнителна работа, вработените ќе бидат под поголем стрес од обично. Ценете го нивниот труд и време и наградете ги соодветно за добро завршена тимска работа.

Припремете го објектот

Додека се подготвувате за високата сезона, искористете ја можноста да го оддржите објектот со мали припреми. Повеќето онлајн рецензии (reviews) кажуваат дека на хотелите им недостасуваат мали поправки како на пример нов туш, повеќе корпи за отпадоци, функционални далечински управувачи, светилки низ собите и сл. Сите овие финансиски чинат многу малку, но прават исклучителна разлика. Бидејќи зборуваме за летна сезона, декорации соодветнии на сезоната се повеќе од добредојдени.

Можеби ова се навидум мали и незначителни работи, но се дел од целосното уживање на очекуваните гости. Среќните гости ќе имаат високо мислење за вашиот хотел и ќе бидат повторни гости следната сезона.


REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

[email protected]
www.regenthospitality.org

Слични написи

Leave a Comment