5 начини како да ги подобрите кратките состаноци

by ugostitelstvo.mk

Водењето на состаноци пред почетокот на секоја смена е од исклучително значење, со цел смената да се води со минимални препреки. Вработените треба да бидат во тек со настаните на нивните работи места, а менаџерите треба да ги дискутираат сите проблеми отворено и да најдат заедничко решение. За да го овозможите ова на вработените, имајте ги на ум следните 5 совети.

1. Направете brainstorm сесија

Најчесто се очекува менаџерот да ги даде сите идеи за понатамошната работа. Затоа што сите идеи не можат да потекнат од една личност, вклучете ги вашите вработени и направете една brainstorm сесија. Тоа подразбира сите да дадат предлог под одредено прашање, со цел да се најде насоодветното решение или идеја. Не избрзувајте во одбивање на идеите, тие можат да ви помогнат да дојдете до соодветното решение.

2. Водете ги состаноците стоејќи

Состаноците пред почетокот на смената треба да траат кратко (од 20 до 30 минути) и се препорачува да се одржуваат стоејќи. На тој начин, вработените ќе го имаат целосното внимание и нема да се чувствуваат дека состаноците се бесполезни.

3. Поставете цели на состаноците

Како менаџер на објектот, секогаш ќе имате нешто да споделите со вработените. Проблемот се појавува кога информацијата за споделување многу брзо може да стане лекција наместо дискусија. Доколку поставите цел на дискусија на состанокот, сите ќе имаат еднаква можност да го кажат своето мислење и ќе се чувствуваат како да се дел од дискусијата. Вработените може да ги кажат своите мислења на глас, да ги запишат на лист хартија или да ги споделат на бела табла.

4. Направете систем на поттикнување и наградување

Поттикнувањето и наградувањето за присуството на состанокот не треба да биде големо. Доволно е да имате свежо спремено кафе и закуска кои ќе креираат позитивна атмосфера во текот на состаноците. Вработените ќе бидат повеќе вклучени во состаноците, знаејќи дека нивното присуство е ценето.

5. Направете преглед на случките од претходниот ден или претходната смена

Многу работи можат да се променат во текот на еден или една смена. Секогаш разговарајте ги случките од претходниот ден или смена за да бидете во тек како тие би можеле да влијаат на работата што е пред вас. Слушајте ги вработените и запишувајте ги важните информации. Посочете ги вработените како да се справат со смената што следи и бидете достапни доколку им треба ваша помош.


REGENT HOSPITALITY CONSULTING

Информации и консултации:

02 3119615  |  070267087  |  070217058

[email protected]
www.regenthospitality.org

Слични написи

Leave a Comment