Младите и хотелиерството – што треба да знаете

by ugostitelstvo.mk

Досега сигурно сте свесни дека младите (millennials) се моментално генерацијата која има најголемо влијание кога станува збор за навиките на патување, што ги прави совршената ценла група на повеќето хотелиери. Тие не само што обожуваат да патуваат, туку обожуваат и да трошат пари – особено кога нивните очекувања ќе бидат задоволени.

Младите, кои во просек имаат помеѓу 20 и 30 години, имаат очекувања кои се сосема различни од очекувањата на постарите генерации. За разлика од нивните предци, тие се настроени кон забавување во текот на целата ноќ и луксузни третмани. Подолу се наведени и објаснети некои основи очекувања што младите ги имаат.

Не им се потребни туристички агенции

Туристичките агенции кои ние добро ги знаеме, се застарен концепт за младите. Главната причина за ова е фактот што тие се навикнати да го користат Интернетот уште од нивни најрани години, што значи дека потрагата по место за одмор и место за престој е најлесниот дел за нив. Тоа значи дека доколку сакате да ја привлечете таа целна група кон вашиот хотел, имате подобри шанси доколку се маркетирате онлајн отколку преку туристичките агенции. Сепак, тоа не значи дека не постојат луѓе кои не ги користат туристичките агенции, но нивниот број се намалува секоја година со фактот што родителите на младите ги обезбедуваат своите одмори онлајн.

Младите имаат огромно познавање во модерната технологија

Поминати се времињата кога хотелот можеше да функционира без најјаката Wi-Fi конекција. Всушност, тоа е само почетокот на технолошките услуги што ги очекуваат младите. Концептот на “паметни соби“ е во подем бидејќи младите можат да ги користат своите мобилни телефони или таблети како клучеви во своите соби, исто како и да ги регулираат уредите во своите соби преку своите електронски уреди. Едноставно кажано, потребите на хотелот треба да бидат ажурирани со моменталните технолошки трендови во сите времиња.

Младите поминуваат поголем дел од времето надвор

Иако, речиси сите сакаат луксуз, неколку истражувања покажуваат дека младите се повеќе заинтересирани во запознавање на локалната култура и навиките, отколку да се сончаат покрај луксузен базен. Токму затоа, локацијата на хотелот е од исклучителна важност. Доколку хотелот е лоциран во центраот на градот каде што во непосредна близина се најважните обележја на градот, има различен импакт доколку хотелот е во предградие. Накратко, младите повеќе го сакаат животот на градот отколку лускузот што еден хотел може да го овозможи.

Персонализација

Веќе го спомнавме концептот на “паметни соби“ и зошто тие се важни за младите. Но, настрана начинот на резервирање на собата, што треба да биде безпрекорен, пресонализирање на собата преку веб страната е ефективен начин за привлекување на потенцијални гости. Без разлика дали е флаша шампањ во кибла со мраз или диско-светла во луксузниот апартман, останува на вас што ќе одлучите да им понудите.

 

Искористете ги социјалните медиуми во ваша корист

Кога го рекламирате вашиот хотел на младата целна група, би сакале да бидете сигурни дека тоа најчесто го правите преку социјалните медиуми. Главната причина за тоа е затоа што повеќе од 80% од младите користат барем една социјална мрежа, додека поголемиот дел од мнозинството користат две или три. Facebook и Instagram го олеснуваат процесот на директна комуникација со досегашните и потенцијалните гости. Инстаграм станува се поважна и поважна мрежа, како резултат на тоа што ние повеќе се потпираме на фотографии како вид на комуникација. Со креирање на онлајн платформа за комуникација на социјалните медиуми, остварувате сигурен начин на континуирана врска со вашите гости во исполнување на нивните желби и потреби.

Фокусирајте се на начинот на живот

Младите се истакнуваат со нивниот фокус на искуства, отколку на самите производи. Ова значи дека вие ќе ги привлечете младите со нешто уникатно. Не се обидувајте само да им ја продадете хотелската соба, туку фокусирајте се на се што е уникатно во вашиот хотел. Промовирајте начин на живеење што било кој млад би сакал да биде дел од него и ќе видите наплив на гости во вашиот хотел.

 

Младите се генерација која многу шета и многу троши, најмногу затоа што тие тоа можат да си го дозволат. Тешкиот дел е да им се понудат услуги за кои тие ќе сакаат да ги ди трошат своите пари. Колку подобро се адаптирате на начинот на живеење на младите, толку поголем успех ќе имате во нивно привлекување кон вашиот хотел. С

Слични написи

Leave a Comment