Одржување на масите, шанкот и лоби делот во хотелот

by ugostitelstvo.mk

Кога гостите влегуваат во хотелот, една од првите работи која тие ја забележуваат е одржувањето на хигиената во објектот. Тоа го подразбира лобито, шанкот од каде тие ги порачуваат своите пијалаци и масата на која тие ручаат или вечераат.

Расчистување на масата:

  • Маса која не е добро расчистена може веднаш да остави лош впечаток. На масата се дозволени што е можно помалку работи.
  • Празните чаши и чинии се раздигаат кога има повеќе од еден гостин кој завршил со јадење на масата, со цел останатите гости да не се чувствуваат дека мораат побрзо да изедат.
  • Откако сите гости ќе завршат со јадење, сите чинии, целиот прибор и сите останати работи кои веќе не ги користат гостите, треба да бидат веднаш раздигани од масата.
  • Доколку гостинот е послужен од десна страна, тогаш работите мора да бидат раздигани од десна страна. Секако, додколку не е можен пристап до десната страна, тогаш се раздигуваат од другата страна.
  • По последниот оброк, но пред десертот, се раздигаат сите останатии работи на масата како лебот, заедно со сите трошки на масата.
  • Кога чашата и бокалот се празни (и не се дополнуваат) треба веднаш да бидат раздигани.
  • Целата опрема што е донесена во кујната, треба да биде складирана од страна на послужувачите. Чашите на своите полици, остатокот од храната треба да биде фрлена и сите чинии да бидат наместени за миење.

Одржување на шанкот и лоби барот:

  • Тргнете ги сите чаши, салветки, чинии и прибор за јадење кој не се користат.
  • Раздигнете ги чиниите на гостинот од неговата десна страна со вашата десна рака.
  • Доколку гостинот изгледа дека е завршен со неговото јадење, но неговата чинија е се уште полна, прашајте дали е слободна да ја тргнете од масата.
  • Никогаш не ги редете едни врз други нечистите чинии пред гостинот. Земете ги одделно, а наредете ги подалеку од гостинот.
  • Соберете ги сакуските кои паднале на подот.

 

Променување на искористен пепелник:

  • Ставете го чистиот пепелник врз искористениот.
  • Земете ги двата пепелника и не ги одвојувајте додека не ги поставите на вашиот послужавник или позади барот. Со тоа што пепелниците се еден врз друг, се спречува пепел да паднет врз гостинот, на масата или во пијалоците и јадењата.
  • Ставете го чистиот пепелник на масата на гостинот.

    За повеќе информации и консултации обратете се на:

    REGENT HOSPITALITY CONSULTING

    Информации и консултации:

    02 3119615  |  070267087  |  070217058

    [email protected]
    www.regenthospitality.org

Слични написи

Leave a Comment