Зошто домашно приготвената храна никогаш го нема ресторанскиот вкус

by ugostitelstvo.mk

Кога приготвуваме храна во домашни услови, без разлика дали е тоа вечера со пријателите или пак романтична вечера за двајца, најчесто веќе имаме претходно замислено како тој оброк ќе изгледа и каков вкус ќе има. Таа замисла е тесно поврзана со она што веќе го имаме видено во некој ресторан (декорација, свеж мирис), но конечниот резултат, и покрај огромниот вложен труд не е секогаш она на што сме се надевале, ниту пак приближно ја доловува ресторански приготвената храна. За тоа постојат повеќе причини, а некои од нив ќе ги наведеме тука.

Работата во ресторанската кујна е како „стара подмачкана машина“, опремата која се користи е специјално наменета за кујнско работење и секој готвач го знае рецептот совршено добро за секое јадење кое е во ресторанското мени без било какво потсетување за состојките. Споредено со ресторанската кујна, домашната изгледа пристојно, но таа никогаш не е соодветно опремена за да можете да приготвите едно јадење кое ќе наликува и ќе го има квалитетот и вкусот на ресторанската храна.

Знаејќи го фактот дека во ресторанската кујна сè е однапред приготвено, во домашни услови ножевите не се секогаш добро наострени, рецептот не е соодветен и секогаш може да се заборави некоја од главните состојки.

За типичниот вкус и изглед на ресторанската храна, вообичаено најважни се зачините и начинот на обработка.

  • Зачините во храната

Alton Brown, светски познат готвач рекол дека зачините и помагаат на храната да го добие потребниот вкус. Готвачите и покрај своето искуство тие секојдневно ја зачинуваат со многу зачини храната која ја подготвуваат, особено кога се подготвуваат поголеми количини на месо и не стравуваат дали некој од гостите ќе се пожали дека храната е презачинета.

  • Печка

Печките во рестораните секогаш работат на температура поголема од 500 степени, зависно што е потребно да се пече. Храната која се пече на висока температура добива подобра крцкава текстура и е термички квалитетно обработена. Сепак брзото печење создава многу голем неред затоа бидете припремени после вашата вкусна вечера да одвоите малку време за средување на вашата кујна.

2-ovenhot-digitalvision_thinkstockЗатоа кога домашно приготвеното јадење нема да ја има идеалната форма или посакуваниот мирис, не се разочаруваајте. Доколку се е направено со доволно љубов, тоа не треба да изгледа како од ресторан или пак да го има истиот вкус.

mx player for windows

Слични написи